ЛОЈД ОСТИН: Ако Украина падне, навистина верувам дека НАТО ќе влезе во борба со Русија
Објавено во: Свет 29 Февруари, 2024
Шефот на Пентагон, Лојд Остин вели дека ако падне Украина, НАТО ќе влезе во војна со Русија.
„Ако Украина падне, навистина верувам дека НАТО ќе влезе во борба со Русија“, изјави тој.
Остин изрази загриженост за рускиот напредок на линијата на фронтот. Русите неодамна ја заземаа Авдеевка. Тој додаде дека недостигот на помош за Киев се заканува да доведе до недостиг на муниција за артилерија и противвоздушна одбрана.
За испраќањето западни трупи во Украина, францускиот претседател Емануел Макрон кажа дека секој збор му е обмислен.