Добивај вести на Viber
Со вчерашните локални избори, ако ситуацијата не се искомпликува со „задршката на опозицијата“ да ги признае додека не се испитаат нерегуларностите, земјата го направи очекуваниот нов чекор во демократизацијата на изборниот процес, како влог во добивањето на препорака за отпочнување на преговорите за приклучување во Европската унија. За остварување на таквата цел се „жртвуваше“ и опозицијата, отстапувајќи од бојкотот на изборите и враќајќи се во Собранието. Останува, надминувањето на неколкумесечната политичка криза, која се закани со загрозување на евроатланските интеграции, да финишира со извештајот од комисијата која треба да ги утврди фактите за случувањата во Собранието на 24 декември минатата година.
Со ваквата разврска се создаваат услови земјата да се врати на колосек од кој почнува да се решаваат клучните развојни проблеми-незадоволителната стапка на раст, високата стапка на невработеност и сиромаштија, при истовремен пораст на долговите спрема странство. Ваквите проблеми треба да се решаваат паралелно со остварување на ветените, во предизборната активност, десет илјади локални проекти, а притоа да се избегне опасноста ветените локални зафати да ги супституираат неопходните макроекономски реформи и развојни потфати со кои може да се направи пробив од „маѓепсаниот“ круг на сиромаштија.
Сите кандидати ветуваа бројни проекти, но малкумина кажаа колку тие ќе чинат и од каде ќе се обезбедат средствата за нивна реализација. Повеќето се надеваат на поддршка од државната „буџетска каса“, а таа не е без дно. А не и‘ е ни задача да го финансира остварувањето на ветувањата на градоначалниците кои ќе ја добијат довербата на граѓаните. Може да помогне, но, на проекти кои се во функција на остварување на една регионална развојна политика, производно насочена (а таква се‘уште нема).
Оттука, централната власт мора да изнајде начин како да ја зголеми финансиската моќ на општините. Нетреба да заборавиме дека четириесет општини пред организирањето на локалните избори немаа „скршен “денар во сопствената каса. Блокирањето на локалните буџети се должи и на недомаќинското работење на нивните градски власти , но во добар дел и на ниското ниво на приходи кои овие општини ги остваруваат. Емитувањето на локалните обврзници за оние општини кои ги исполнуваат законските предуслови мора да се прифатат како ефикасен финансиски инструмент во финансирњето на идните проекти. Секако, одврзувањето на рацете на локалните власти од страна на цетралната во делот на менаџирање на земјиштето како и поголемиот ангажман во делот на користењето на средствта од претпристапните фондови се само дополнителни финансиски инекции кои треба на идните нови локални власти да им бидат „ветер во плеќите “ при реализирањето на најавените проекти, а кои се надевам дека нема да се сведат единствено на поплочување на сокаци и изградба на фонтани, апропо главните економски проблеми со кој секојдневно се сретнуваат нивните граѓани.
Макроекономската политика не смее да западне во замката на реализирање на чисто локални проекти за да се покаже „тежината на зборот“ даден од градоначалниците кои ќе бидат избрани, во стилот: ветено-остварено. Тоа ќе задоволи определени интереси, но нема да води кон решавање на крупните општествени и развојни проблеми.
Пресвртот во оваа насока е можен само со значајно зголемување на инвестициите, и домашни и странски, вклучувајќи ги и капиталните инвестиции на државата, производно насочени. Само тие можат да овозможат повисока динамика на раст и решавање на проблемот на невработеноста и сиромаштијата. Но, за нивен пораст е неопходно да се подобри климата за инвестирање. Да се надеваме дека со одржаните локални избори во голема мерка е надминат политичкиот ризик за инвеститорите.
Д-р
Крсте Шајноски
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.