Лондон има најмногу мултимилионери
Објавено во: Стил 09 Јули, 2013 14:54
Во Лондон живеат најмногу мултимилионери, покажала анализата на британската агенција "Велтинсајт".
Во 2012-тата година, во Лондон живееле 4 илјади луѓе со богатство поголемо од 23 милиони евра, што е рекорд на глобално ниво.
Позицијата на Лондон не е за чудење, со оглед на големиот број странски инвестиции што само минатата година беа привлечени.
„Голем број од милионерите кои живеат во Лондон се бизнисмени, а обично се на позицијата претседател или генерален директор на некоја компанија. Нивното богатство, во просек изнесува 125 милиони евра, а тие се постари од 57 години“, се наведува во истражувањето.
На второто место по бројот на мултимилионери е Токио, а на третото Сингапур.
Њујорк се наоѓа на четвртото место, а во него живеат само 7 отсто од американските мултимилионери, во споредба со 42 отсто од најмоќните од Лондон.
Уште два европски градови се нашле помеѓу десетте првопласирани – Франкфурт на шестото и Париз на осмото место.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





