ЛОШИ ВЕСТИ ЗА ВОЗАЧИТЕ - горивата по полноќ поскапуваат, еве ги новите цени
Објавено во: Економија 14 Јули, 2025 13:50
Горивата во Македонија по полноќ ќе имаат нови и повисоки цени од досегашните.
Согласно последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, цените на бензините и дизелот се зголемуваат за 1,50 денари по литар.
- Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од полноќ се зголемуваат за 1,50 денари по литар - соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
По полноќ новите цени ќе бидат:
- Еуросупер БС - 95 ќе чини 75,50 денари
- Еуросупер БС - 98 ќе се продава за 77,50 денари за литар
- Еуродизел БС (Д-Е V) за 71,50
- Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) за 71,00 денар за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,063 денари и еден килограм ќе чини 40,472 денари.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




