14 Декември, 2025
0.0586

Лотарија на животот: Каде е најдобро да се роди човек во 2013-та?

Објавено во: Свет 24 Ноември, 2012 13:20

Добивај вести на Viber

Каде е најдобро да се роди човек во 2013 година? На ова прашање побарале одговор британските експерти од „Economist Intelligence Unit“. Тие ја составиле светската рејтинг листа на која се најдоа 80 држави во кои новородните деца ќе имаат најдобри можности за успех и полесен живот. На прво место се најде Швајцарија, а веднаш до неа се Австралија, Норвешка и Данска. Ако во Швајцарија или во скандинавските земји е тешко да родите, насочете се кон Австралија, препорачуваат експертите. Земјата на кенгурите е втора на листата, а на шестата и седмата позиција се соседните Сингапур и Нов Зеланд. На 9-то место е Канада, а на последно место во Топ 10 е Хонгконг. Македонија ја нема на листата. Од земјите во регионов прворангирана е Словенија  32. место, Хрватска на 46.место, Србија 54-та и Бугарија која се најде на 61-вото место. Во првите десет најдобри држави има неколку европски држави, но само една од еврозоната и тоа Холандија, поставена на 8-то место. Земјите од еврозоната, кои се соочуваат со големи економски проблеми, се најдоа главно во втората и во третата десетка. Пред четвртина век, кога „Economist Intelligence Unit“ за прв пат составува листата на земјите кои имаат најголем потенцијал на среднорочен план, САД го заземаат првото место. Токму во таа држава беше најдобро да се родите во 1988 година. Југославија тогач се најде на втората половина од листата. Во изминатите години, поставеноста на силите на политичко-економската карта на светот значително се менува, велат британските социолози. Значи парите се навистина важен услов за среќата, тврдат истражувачите, но важна улога играат и други фактори. Поради тоа САД, кои претходно беа на чело на листата, овој пат се наоѓаат на 16-то место, кое го делат со Германија. Последни на листата се најдоа Украина, Нигерија и Кенија. Во прилог последната листата на најдобри држави за раѓање дете во 2013-та, a а веднаш под неа за споредба листата направена од „Economist Intelligence Unit“ во 1988 година.

Можеби ќе ве интересира

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск