Лото добивка од 636 милиони долари се падна во Калифорнија
Објавено во: Стил 18 Декември, 2013 10:15
Висока премија од 636 милиони долари добил играч на Американската лотарија Мега Милионс во градот Сан Хозе, во Калифорнија. Засега се уште не е познато дали уште некој друг играч ги погодил среќните бројки од вчерашното извлекување.
Износот на премијата почна вртоглаво да расте во изминатите неколку денови, откако низ САД граѓаните направија долги редици чекајќи да купат по неколку десетици, па и стотици тикети од по еден долар. Само во текот на вчерашниот ден, фондот за добивката порасна од 586 на 636 милиони долари. Доколку има само еден добитник, тој ќе добие понуда да ги подигне парите во 30 рати, кои постепено ќе се наголемуваат, или веднаш да наплати 341,2 милиони долари.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





