Louis Vuitton „лапна“ 80% од Loro Piana
Објавено во: Стил 11 Јули, 2013 10:47
Познатиот бренд, „Moet Hennessy Louis Vuitton SA“, со седиште во Париз, „лапна“ 80% од италијанскиот производител на луксузна брендирана облека од кашмир „Loro Piana“.
Вредноста на договорот изнесува 2 милијарди евра, соопшти „Reuters“. Со ваквиот потег, француската група сака да дојде до зголемување на продажбата на рачно изработени производи од висока класа меѓу азиските купувачи.
Договорот за 80% од „Loro Piana“ му дава на италијанското претпријатие пазарна капитализација од 2,7 милијарди евра – вредност 3.8 пати повисока од проектираните приходи од продажба на компанијата за 2013 година, кои се очекуваше да бидат 700 милиони евра.
„Loro Piana“ кој произведува и фини предива, има 17% просечна годишна стапка на раст на продажбата во последните 3 години. Аналитичарите коментираат дека тоа ќе им помогне на „LVMH“ да го надомести бавниот раст во продажбата на останатите марки од портфолиото на компанијата, меѓу кои и главната „Louis Vuitton“.
Се очекува зделката да заврши кон крајот на годината.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





