ЛУГАНСК: Постигнат договор за прекин на огнот
Објавено во: Свет 02 Декември, 2014 16:18
Украинската влада и проруските сепаратисти во регионот на Луганск постигнале договор за прекин на огнот кој на сила ќе стапи во петокот на 5 декември, соопштиле од Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) и претставници на бунтовниците.
Лидерот на самопрогласената република Луганск Игор Плотнитски потврдил дека на состанокот на кој на 29 ноември присуствувале руски и украински генерали Александар Ленцов и Володимир Аскаров, претставниците на самопрогласената република Луганск и ОБСЕ е постигнат договор за прекин на огнот од 5 декември и за повлекување на тешкото наоружување од сабота, 6 декември.
Во вторник би требало да се одржи и состанок на кој ќе се разговара за прекин на огнот во „чуствителните подрачја“.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




