19 Октомври, 2024
0.0334

ЛУЃЕТО ЕДВАЈ ВРЗУВААТ КРАЈ СО КРАЈ: Битиќи распали за извештајот на Светска банка

Објавено во: Економија 19 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

 Пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи денеска на прес-конференција изјави дека Светската банка во својот најнов извештај за Македонија изнесе аларамантни и поразителни податоци за економската состојба на земјава, дека извештајот не е технички документ туку слика на секојдневието од втората половина на тековната година – раст на цените, уништување на животниот стандард, откажување од планот за раст на платите.

Според Битиќи, нашата економија е во слободен пад и наместо очекуваниот економски раст од 2,5 проценти, годинава, според Светска Банка, ќе ја завршиме со само 1,8 отсто раст на БДП што е јасен сигнал дека економските политики на ВМРО-ДПМНЕ се целосно неуспешни.

- Во извештајот јасно се забележува дека главната причина за овој пад е „топло-ладниот” однос према реализирањето на клучните инфраструктурни проекти – Коридорите 8 и 10Д, кои требаше да донесат економски бенефит, но ВМРО-ДПМНЕ ги држи на хартија. Наместо да се движиме напред, владата дозволи овие проекти да останат закочени, а тоа има катастрофални последици за БДП. Дополнително, додека слушаме за големи ветувања за инвестиции во енергетскиот сектор, според Светска банка овде се таложат проблеми кои се реален ризик да го забрзаат падот на економијата, рече Битиќи.

Пратеникот на СДСМ посочува дека во ваква ситуација, светлото на крајот на тунелот, според Светска банка, може да биде само Планот за раст на Европската унија, кој заедно со веќе воспоставените мерки за раст на платите и поддршката на компаниите (домашни и странски) би донел позитивен импулс во македонската економија.

- Ова е патот кој треба да го следиме – патот кон Европа, кон стабилност и модернизација. Но, наместо тоа, Владата продолжува да се задолжува неконтролирано со кредити кои ќе ја донесат државата во компромитирана ситуација не само на економски туку и на геополитички план, рече Битиќи.

На крајот од годинава, како што рече, фискалниот дефицит ќе достигне  4,9 проценти, а јавниот долг ќе скокне на загрижувачки 63,5 проценти од БДП.

- Со ново најавените 500 милиони евра дополнително задолжување од Унгарија, може да очекуваме јавниот долг да се приближи на 70% од БДП. Патека која води во економски пропаст. Се создава долг што економијата нема капацитет да го поддржи преку создавање на нова вредност. Каматната стапка од 3,25%, кој е толку фалена од власта, е повисока од очекуваниот раст на БДП за 1,45 процентни поени.

Според него, Владата не може да ја контролира ситуацијата, а луѓето едвај врзуваат крај со крај. Владините мерки за ограничување на маржите на мал дел од прехранбените производи, вели Битиќи, се апсолутен неуспех.

- Економијата може и мора да се опорави, но за тоа е потребна влада која знае како да управува со ресурсите на државата, која е транспарентна и која ќе ги штити интересите на сите граѓани, а не интересите на привилегирани малкумина, рече Битиќи на прес-конференцијата.

Пратеникот на СДСМ кажа и дека повратот на ДДВ станува сериозен проблем за македонската економија, особено што, како што вели, повратот на ДДВ директно влијае врз ликвидноста на самите компании.

-Според моите информации, некаде 1.500 компании чекаат повеќе од еден месец, а некои и до три месеци и вкупниот долг коишто компаниите треба да го добијат од страна на УЈП е од 250 до 300 милиони денари, нешто што не се случувало во последните седум години. Дополнително, советот коишто би требало да се свикува за поврат на ДДВ во рамки на УЈП не е свикана веќе четири месеци, рече Битиќи.

Ова, според него. покажува дека се враќаме во ерата на селективно плаќање и исплаќање на ДДВ коешто беше карактеристика и пракса до 2016 година. 


Можеби ќе ве интересира

ЛИДЛ ПОВТОРНО ВРАБОТУВА: Овој пат бара менаџери на маркети, еве ги условите

ЛИДЛ ПОВТОРНО ВРАБОТУВА: Овој пат бара менаџери на маркети, еве ги условите

ЕВРОПА ГУБИ ПАРИ: Касата се празни

ЕВРОПА ГУБИ ПАРИ: Касата се празни

КОЈА Е ЖЕНАТА ШТО ГО ПОБЕДИ „БОИНГ“ И ГРАДИ АВИОН ЗА ДУСНИОТ ДЕН? Нејзината судбина зависи од таен проект

КОЈА Е ЖЕНАТА ШТО ГО ПОБЕДИ „БОИНГ“ И ГРАДИ АВИОН ЗА ДУСНИОТ ДЕН? Нејзината судбина зависи од таен проект

НА ГЕРМАНИЈА ИТНО И ТРЕБААТ РАБОТНИЦИ: Еве кои работници ќе бидат масовно регрутирани и од каде

НА ГЕРМАНИЈА ИТНО И ТРЕБААТ РАБОТНИЦИ: Еве кои работници ќе бидат масовно регрутирани и од каде

РЕЧИСИ МИЛИОН ЕВРА ЗА 115 КВАДРАТИ: Прескапо и за богатите - цената на овој стан ја надмина секоја мерка

РЕЧИСИ МИЛИОН ЕВРА ЗА 115 КВАДРАТИ: Прескапо и за богатите - цената на овој стан ја надмина секоја мерка

НИ САРАЈ НЕ ДОБИ ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ОД ВЛАДАТА: Еве каде е закочена работата

НИ САРАЈ НЕ ДОБИ ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ОД ВЛАДАТА: Еве каде е закочена работата

НЕМА КРАЈ НА БАЛКАНСКАТА БАЈКА: Акциите на гигантот со вештачка интелигенција скокнаа за 31.000% и ќе продолжат да растат

НЕМА КРАЈ НА БАЛКАНСКАТА БАЈКА: Акциите на гигантот со вештачка интелигенција скокнаа за 31.000% и ќе продолжат да растат

ВАКА ИЗГЛЕДА КОГА МЕРЦЕДЕС ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ГРАДЕЖНИШТВО: Објавени првите слики од облакодерот во Дубаи

ВАКА ИЗГЛЕДА КОГА МЕРЦЕДЕС ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ГРАДЕЖНИШТВО: Објавени првите слики од облакодерот во Дубаи

НЕМА ПОВЕЌЕ ЛЕТАЊЕ АВИОНИ БЕЗ ДАНОК: Се воведува нова мерка за оние кои често патуваат - оваа одлука би донела милијарди евра, еве ја целта

НЕМА ПОВЕЌЕ ЛЕТАЊЕ АВИОНИ БЕЗ ДАНОК: Се воведува нова мерка за оние кои често патуваат - оваа одлука би донела милијарди евра, еве ја целта