СОЛЗИ НИ НАИДОА НА СИТЕ НА ОЧИТЕ, БЕШЕ КАКО ЖИВА: Началникот Дејан Димовски со детали во судницата
Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2024
На денешното рочиште за двојното убиство на малолетната Вања
Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, сведоци изнесоа нови детали за
истрагата, вклучувајќи ги сомнежите кон таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.
Началникот на единица за насилен криминал во СВР Скопје, Дејан Димовски,
објасни дека сомневањето првично произлегло од изјави на двајца обвинети, Велибор
Манев и Боре Видевски, кои го поврзале Александар со настанот. Во текот на
судењето, Димовски посочи дека не е пронајдено оружјето и дека парафинска
ракавица не била земена од обвинетите поради изминатото време од настанот.
Димовски исто така истакна дека тимот од СВР Скопје извршил профилирање на родителите на Вања врз основа на нивниот социјален и приватен живот. Во разговорите се појавиле индиции дека девојчето можеби сакало да ги казни родителите со бегство, а во тие разговори се споменале несогласувања во семејството и обидот на девојчето да се повреди во минатото. Дополнително, сведокот објасни дека родителите знаеле за виртуелниот дечко на Вања од Шведска, со кого имале и конфликти преку интернет.
Одбраната на обвинетите постави прашања за состојбата во која се наоѓал Видевски кога дал искази и дали била употребена тортура врз него. Сведокот изјави дека не била употребена сила и дека Видевски седел на столица кога го поврзал Александар со случајот. Покрај тоа, на прашањето зошто не била земена парафинска ракавица, сведокот објасни дека после недела дена од настанот тоа не било вообичаена пракса.
Дополнително, Влатко Кешишев, еден од обвинетите, изјавил дека работел по насоки на Љупчо Палевски, познат како Палчо. Според исказите на сведоците, Кешишев на полицијата им објаснил дека заедно со Палчо и Велибор Манев, кој живеел на иста улица со Панче Жежовски, извршиле грабнување. Полицијата го испрашувала Кешишев за местото каде бил запален автомобилот „Цитроен“, кој бил користен за киднапирање на Вања.
Кешишев го одвел истражниот тим до локацијата каде бил пронајден запалениот „Цитроен“ и потоа ги однел до уште една локација, каде посочил на место каде биле закопани предмети поврзани со злосторството.
Стигавме до местото каде беше запален „цитроенот“. Кешишев нѐ донесе до запалениот „цитроен“. Музафер му велеше „ајде кажи“, тој велеше „се плашам, ако дознаат, Палчо има многу луѓе во полиција, ќе ме убие“. Кешишев рече да одиме накај ридот, влеговме пак во колите. По асфалтен пат, па почна земјен, излеговме пешки нагоре. Прво Музафер со Кешишев и наидовме на рачва, тие отидоа лево, ние десно и бараме, јас не знам што бараме, се надмудрувавме… Се вративме, се најдовме кај рачвата. Му рековме, „ајде кажи, не нѐ вози“, рече „ајде“. Тргнавме по левиот крак, по 700 метри почна да покажува со главата на едно место. Не зборува, само со главата покажува. Што да правиме прашувам, да копаме, тој пак со главата покажува кон едни перници, мушами, куфер… Ги тргнавме, одоздола земја, видовме дека е ровка. Почнавме да копаме, видовме земјата пропаѓа. Музафер и Кешишев стоеја на страна, Кешишев не сакаше ни да гледа, беше свртен со грб. Дојде Музафер, вика „абе овој Кешишев вели дека таму е ова маленкото што го барате“. „Што збориш?“ Му реков „дојди и ти да копаш со нас“. Баравме лопати, немавме сила да копаме, бевме неспиени, уморни. Еден од нас отиде во селото, најде лопата, началникот копаше. Се појави нешто бело, нѐ фати шок, солзи ни наидоа на сите на очите. Му јавиме на јавниот обвинител Гаврил Бубевски, на судска медицина, да се продолжи со работа. Им се јавив на колегите што разговараа со Велибор Манев, им реков го најдовме девојчето, разговарајте убаво со Манев. Кешишев му рекол на Музафер, „знаеш ли кој беше со нас, Боре каратистот“. Па и за него баравме да се уапси. Дојде на лице место судска медицина, ЈО, се подигна телото. Се вративме назад, во шок. Телото кога го извадија, беше како жива. Рацете ѝ беа врзани позади со стега, нозете ѝ беа врзани, на устата имаше лента. Не видовме други знаци на насилство, беше како жива. Дали дека времето беше ладно, немаше знаци на распаѓање. Кога се вративме, колегите што разговараа со Манев ни кажаа дека овој признал сѐ за Панче и им кажал каде е закопан и ќе ги носи да им го покаже телото – сведочеше началникот Димовски.
Обвинетите, кои не се чувствуваат виновни, се соочуваат со тешки обвинувања за планирање и извршување на грабнувањето и убиството, со цел да изнудат пари од семејството на Вања.
фото: Вангел Тануровски* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.