„ЛУЃЕТО МИ ВЕЛАТ, ВИЕ ЦЕЛ ЖИВОТ СЕ ЗЕЗАТЕ И ПАРИ ПРАВИТЕ“: Бубо Каров искрено во поткастот на Фактор - „Бизнис муабети“
Објавено во: Македонија 20 Јуни, 2024 11:49
Познатото шоу „К-15“, кое е еден од омилените телевизиски проекти во нашата земја, не само во периодот кога се емитуваше, туку и се уште е омилено и покрај тоа што одамна престанаа да се снимаат и емитуваат нови емисии. Колку пари се свртени во ова шоу, какви биле заработките на учесниците во проектот, но и кои се моментите кои самите кратори ги паметат од долгогодишната соработка. На сите овие теми Љупчо Бубо Каров во поткасот на Фактор, „Бизнис муабети“ разговара искрено со нашиот колега Мишко Иванов.
На темата пари, заработка, Каров вели:
„К-15“ е многу скап проект. Во една прилика, по телевизиско гостување на Васко имав голем број повици во кои луѓето и велеа „абе многу пари сте наплаќале од реклами, не знаевме“. А притоа мислам дека не беше ниту спомната најскапата сума која била наплатена од рекламните спотови“.
На ова секако Мишко со потпрашање, колку достигнува максималната сума, за што Каров без воздржување кажа 50 илјади евра за спот.
Притоа додаде дека наплатата за реклама во шоуто се движела од 20 до 50 илјади евра.
Нашата продукција беше на најголемиот фестивал за адвертајзинг, каде влеговме во финале на натпреварот. Ако се сеќавате на една реклама каде момче од Индија се обидуваше од својот стар автомобил да направи „пежо 206“.
Ние на тој натпревар настапивме со рекламниот спот со бабата и дедото кои учат англиски јазик. Значи тоа не беше спот со нас, со „К-15“, со нашите ликови, што ми е уште подраго, бидејќи стигнавме скоро до врвот на светот – кажува Каров.
Но, тука не завршуваат муабетите за парите, заработката и успехот на ова легендарно шоу.
„Затоа луѓето ми велат абе ајде вие цел
живот се зезате и пари правите. Ама тоа пари правите е релативна работа“ - вели Каров искрено во поткасот на Фактор,
„Бизнис муабети“.
Целиот разговор со легендарниот Бубо Каров ќе го гледате утре на јутуб каналот „Бизнис муабети“ и на Фактор.
Фото: Принтскрин/Јутуб
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дваесет и две лица побарале помош од МНР за да го напуштат Израел

ПРОПУСТИ ГО ЗАГРОЗИЛЕ ЖИВОТОТ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО УЧИЛИШТЕ ВО БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против 5 лица и едно друштво

ИНЦИДЕНТ ВО ТЕТОВСКО: Meчка нападнала домашни животни

МНР: До овој момент вкупно 22 луѓе побарале асистенција за напуштање на Израел

АЛИУ: Јас не оперирам срца, мојата работа е да менаџирам систем во кој докторите успешно ќе работат

ШВАЈЦАРЕЦ ПРИЈАВИЛ ИЗМАМА: Taксист го возел од Водно до Центар и му наплатил 7.800 денари

АКО СТЕ ВО ИРАН ИЛИ ИЗРАЕЛ И ВИ ТРЕБА ПОМОШ: Oва се телефоните на кои можете да се обратите

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ КРАДЕЛЕ ВО АВСТРИЈА: Се „офајдиле“ со готовина, накит и други скапоцени предмети

МИЦКОСКИ ЗА ЛОКАЛНИТЕ: Можно е СДСМ да остане без ниедна општина!
