„Луи Витон“ највреден луксузен бренд
Објавено во: Стил 09 Јуни, 2013 11:07
Највреден ликсузен бренд во светот моментно е „Луи Витон“, кој покрај модните артикли продава и алкохол и накит. Неговата вредност се проценува на 23,6 милијарди долари, покажуваат податоците на консултациската фирма „Интербренд“, што ги објави Forbes.com.
Вредноста на втората највредна марка „Гучи“ е за повеќе од 14 милијарди долари пониска и е проценета на 9,45 миијарди долари. По нив следат „Ерме“ (Hermes) со вредност од 6,18 милијарди долари, „Картие“ (5,5) и „Тифани“ (5,16), „Барбери“ (4,34), „Прада (4,27) и „Ралф Лорен“ (4,04 милијарди долари).
Повеќето од најскапите брендови произведуваат и продаваат модна облека и додатоци. И покрај тоа што се повеќе луѓе штедат, за чанта со логото на „Луј Витон“ или за накит „Картие“ и понатаму има големо интересирање.
Годинава прометот на производителите на луксузна стока би можел да се зголеми за 4 до 5 отсто, предвидува консултациската компанија Bain&Company.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:






