Лукаревска: Неисплатените плати на работниците ќе им се префрлат преку присилна наплата
Објавено во: Економија 04 Февруари, 2021 13:07
До 2 февруари, односно по исплатата на државната помош за исплата на плати, 306 работодавачи досега не им ги исплатиле парите на своите работници, информираше денеска Сања Лукаревска, директорката на Управата за јавни приходи.
- Доставени се опомени, по истекот на рокот ќе следи постапка на присилна наплата со блокада на нивните трансакциски сметки и пренос на средствата на сметките на работниците, рече Лукаревска.
Станува збор за износ од 16,3 милиони денари кој што им се должи на 992 вработени, а при тоа управителите не ја исполниле обврската за исплата на плата. 78 од претпријатијата се од дејноста трговија на мало.
- Секој управител треба да знае дека сноси кривична одговорност, бидејќи тој стои зад веродостојноста на податоците која ги дава секоја компанија кога аплицира за оваа помош, додаде директорката на УЈП.
Од првиот циклус на исплата на помош за плати, 109 компании за април, мај и јуни не исплатиле и кај истите се извршени контролизаедно со Државниот инспекторат за труд , за што ќе има заедничко известување од епилогот во вторник
Инаку, за декември 13.160 работодавачи добиле 961 милиони денари државна помош за исплата на платите за тој месец.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




