19 Декември, 2025
0.0476

Луке Галески од партискиот врв на ВМРО-ДПМНЕ стана член на Надзорниот одбор на операторот на платен систем КИБС

Објавено во: Економија 16 Јуни, 2025 15:12

Добивај вести на Viber


Луке Галески, дел од Извршниот комитет на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, е избран за независен член на Надзорниот одбор на операторот на платниот систем Клириншка Куќа клириншки интербанкарски системи АД Скопје, (“КИБС АД Скопје“) .

Галески е актуелен директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ и секретар за односи со јавност, протокол и јавни политики на Владата.  Тој има завршено Правен факултет „Јутинијан Први“, специјализирал и е со повеќе годишно искуство од масовни медиуми и корпоративни комуникации. Претходно работел и како владин советник и беше дел од кабинетот на  претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Бил и советник на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Истовремено КИБС извести дека член на новиот состав на Надзорниот одбор на оваа компанија повеќе не е Маја Кадиевска - Војновиќ, исто така поранешен член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и актуелна претседателка на партиската комисија за економија. 

За Кадиевска-Војновиќ се шпекулира дека претендира на директорското место на Развојна банка. Кадиевска - Војновиќ е професорка на „Американ колеџ“ и поранешна вицегувернерка на Народна банка

„Согласно одредбите од Член 166-б од Законот за хартии од вредност, Ве известуваме дека на Триесеттата седница на собранието на акционери на Клириншка Куќа клириншки интербанкарски системи АД Скопје, (“КИБС АД Скопје“) од 02.06.2025 година, се извршија промени во Надзорниот одбор на Друштвото. За нови членови на Надзорниот одбор се избрани Снежана Лутвиовска, Атила Селим и Луке Галески како независен член на одборот, на место на досегашните членови Мирјана Трајановска, Маја Кадиевска-Војновиќ и Софче Јовановска која беше независен член на одборот.“, објави во меѓуврме КИБС за новиот состав на Надзорниот одбор.

Клириншка куќа КИБС е компанија која е многу значајна за финансискиот промет во земјата, бидејќи основна дејност и е порамнувања на меѓубанкарските плаќања. Главна дејност на КИБС се интербанкарските порамнувања и заради тоа основен извор на приходи се провизиите и надоместоците. 


КИБС е основан во 2001 година, во текот на реформата на платниот систем во Македонија кога деловните банки ја основаа Клириншката куќа Клириншки интербанкарски системи АД Скопје(КИБС) како акционерско друштво. Настана со реформата на платниот промет и трансформацијата на тогашниот ЗПП – Завод за платен промет, како потреба да се создаде институција којашто ќе врши обработка, клиринг и порамнување на малите меѓубанкарски трансакции. 

КИБС е сопственик и на Единствен регистар на трансакциски сметки (ЕРТС), кој стана предмет на законско регулирање со решение на Министерството за финансии. Кон крајот на 2008 година КИБС го формираше и Македонското кредитно биро (МКБ) како независна компанија со база на податоци на обврските на правните и физичките лица со цел да им дава информации на банките и финансиските друштва за нивната задолженост и редовноста во подмирувањето на обврските. Освен клирингот, КИБС ги издава и дигиталните сертификати.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите