15 Декември, 2025
0.0602

Лукоил ја прекина експлоатацијата на нафта - зошто донесоа ваква одлука?

Објавено во: Економија 10 Ноември, 2025 17:32

Добивај вести на Viber

Руската нафтена компанија Лукоил прогласи состојба на „виша сила“ на едно од најголемите нафтени полиња во светот - Западна Курна 2 во Ирак, откако САД воведоа санкции против компанијата, според извори од индустријата.

Нафтено поле се наоѓа на југот на Ирак, а во писмо испратено до ирачкото Министерство за нафта, Лукоил наведува дека „сегашните околности не дозволуваат продолжување на работата“.

„Доколку причините за прогласување на виша сила не се отстранат во следните шест месеци, компанијата ќе биде принудена целосно да го запре производството во Западна Курна 2“, изјави неименуван ирачки функционер, пренесува Комерсант, повикувајќи се на Ројтерс.

Според информациите од британската агенција, ирачките власти ги прекинале финансиските плаќања кон Лукоил и ја откажале испораката на околу четири милиони барели сурова нафта, што требало да послужи како природна компензација за компанијата.

Во 2009 година, Лукоил го доби правото да ја експлоатира Западна Курна 2, а комерцијалното производство започна во 2014 година. Повеќе од 90 проценти од резервите се наоѓаат во полињата Мишриф и Јамам.

Да потсетиме дека во октомври САД и Велика Британија воведоа санкции против Лукоил, а трговецот со енергија Гунвор се обиде да го купи Лукоил Интернешнл ГмбХ, дел од рускиот концерн.

Иако Лукоил се согласи со понудата, Министерството за финансии на САД одби да издаде лиценца на Гунвор, објаснувајќи дека таква трансакција не може да се одобри додека трае војната во Украина. После тоа, Гунвор ја повлече својата понуда.

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден