05 Декември, 2025
0.0279

Луксуз: 900 илјади долари за половина литар вода

Објавено во: Стил 29 Ноември, 2012 11:11

Добивај вести на Viber

Дури и водата и воздухот може да чинат многу пари. Вакви примери кога навидум обични нешта се продаваат за милионски суми , но толку да чини шише вода, многумина ќе се согласат дека е претерано. Токму таква вода во беше претставена на изложбата „Big Boys Toys Exhibition“. Шишето минерална вода „Аurum 79“ е изработена од фино стакло, покриено со чисто злато и 113 брилијанти . Формата е исто така специфична - тесно и издолжено грло каде што доаѓа до прелевање во светлина. Сепак, не е само шишето она што се купува. Во него се наоѓа најчистата вода која се полни од Санкт Леонард во Германија. а во која има додадено вистинско злато што може да се пие. Едно мало шише од само половина литар златна вода чини дури  900 илјади долари.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: