Луксузна цигара која остава златен пепел
Објавено во: Стил
19 Февруари, 2013 17:15
Добивај вести на Viber
Произведувачите на квалитетни кубански цигари, сега престижот кој и инаку се поврзува со овој порок, го кренаа на целосно ново ниво и на вистинските уживатели им овозможија уште пософистицирано уживање.
Со векови добрата цигара во рака потсетува на животниот стил на богатите и познатите и една е една од статусните симболи. Меѓу уживачите на овој „луксузен чад“ се и Мадона, Брус Вилис, Томи Ли Џонс и Силвестер Сталоне. Дека овој скап порок може да биде уште поскап докажува најновиот вид на цигари - таа после која останува златен пепел.
Софистицираноста и луксузот кои се поврзуваат со овој порок ги натераа произведувачите да прават се поквалитетни верзии на познатите „Cohiba“, па така се издвојува сетот од ограничената серија направена по повод 40 - годишнината на оваа компанија каде пакувањето „никотин“ чини неверојатни 18.846 долари.
Сега е направена најпрестижната серија цигари која ќе ги задоволи и врвните познавачи.
Имено, во прашање се рачно смотани цигари „London cut bourbotn“ и „Gold Hand - Rolled Cigar“ од која настанува златен пепел.
Познавачите наведуват дека цигарата гори совршено и остава златен пепел поради тоа што висококвалитетниот тутун е завиткан во 24 каратна хартија од злато кое се јаде, што според познавачите, дава дополнително уживање.
Цената на парче на „ големо“ чини 500 американски долари, додека оние изработени по порачка се поскапи
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: