18 Декември, 2025
0.0555

ЛУКСУЗНИ СКИ ЦЕНТРИ НА ЈАБЛАНИЦА, БУШОВА ПЛАНИНА И КАРАЏИЦА: Проект вреден 800 милиони евра најави Агенцијата за странски инвестиции

Објавено во: Економија 30 Октомври, 2021 14:52

Добивај вести на Viber

Директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Дејан Павлески на денешната прес конференција информираше за, како што рече, еден од најголемите и најграндиозни проекти што се планирани од нивна страна, а на овој проект работеле подолго време Даниеле Костантини, експерт од Италија со над триесет годишно искуство во креирање на планински и ски ресорти ширум светот.

-Во изминатите 6 месеци направивме сеопфатни анализи за потенцијалите на нашата земја за развој на целогодишниот туризам, со особен фокус на зимските спортови, па со гордост можеме да го презентираме пред вас и јавноста. Република Северна Македонија има потенцијал за изградба на три нови луксузни ски центри по сите светски стандарди на Јабланица кај Струга и Вевчани, Бушова планина кај Крушево и Македонски Брод и Караџица во Сопшиште и Студеничани. Тоа се локации кои имаат одлични природни предиспозиции и соодветна инфраструктура. Развојот на овој проект ќе ја промовира Северна Македонија како врвна ски дестинација со конкурентни цени на скијачкиот пазар, во споредба со регионот и со меѓународните конкуренти. Станува збор за проект кој има главна цел да го стимулира и да даде силен импулс за развој на домашниот туризам и економија и да ги „отвори вратите“ за љубителите на природата и авантуризмот, како од Европа, така и од целиот свет. Идејата е овие нови туристички центри да можат да се користат од страна на посетителите во текот на целата година, а не само во зимските месеци. Прелиминарните проценки се дека овој проект би чинел помеѓу 700 и 800 милиони евра, опфаќа изградба на три нови туристички села на овие три локации кои би содржеле вкупно 16 луксузни хотели со четири и пет ѕвезди, ресторани и околу 130 планински куќи со капацитет од над 5000 легла, понатаму жичарници, ски лифтови, над 180 километри алпски скијачки патеки, велосипетски и авантуристички патеки, истакна Павлески

Нагласи и дека Агенција активно ќе работи на промоција на овие проекти со цел во најскоро време и да се реализираат.

Во наредните неколку месеци ќе ги презентираме и на светскиот настан ЕКСПО 2020 во Дубаи, а веќе остваривме прелиминарни контакти кои набрзо ќе резултираат и со директни презентации. Јас верувам во успехот на овој проект, бидејќи сите негови аспекти од искористување на природниот потенцијал и соодветната инфрастуктура се исполнети. Доминантната изложеност на исток, присуство на вода и на езера на голема надморска височина, присуство на снежна покривка помеѓу 1200 и 2200 метри во текот на близу 140 дена во годината, како и лесната пристапност и двата меѓународни аеродроми во непосредна близина се огромна предност и тешко се наоѓаат сите заедно на едно место во повеќето актуелни туристички места и во Европа и на други места во светот, рече Павлески.


Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?