Луксузното Bentley MULSANNE отсега достапно и на македонскиот пазар
Објавено во: Стил 05 Ноември, 2013 12:12
Bentley MULSANNE е автомобил - лимузина за уживање! Наменет за најголемите хедонисти, за луѓе со истенчен и софистициран вкус, кои не сакаат компромиси туку го бараат најдоброто и најсовршеното за себе. Луѓе кои знаат што сакаат и се подготвени да инвестираат цело богатство за тоа. Овој модел овозможува многу повеќе од задоволство, тој е исполнување на сонот на најстрасните љубители на лимузините.
Bentley MULSANNE е долг дури 5,575 метри, широк 2,2 метри и висок 1,5 метар. Тежок е 2600 килограми. Името MULSANNE е добиено по најдолгиот свиок од познатата тркачка патека Ле Ман во Франција. Bentley кај својот модел знаменосец - MULSANNE, кој своето деби го имаше на престижниот Авто - Саем во Женева воведе голем број на нови луксузни карактеристики.
Многубројните нови функции за удобност – вклучувајќи ги специјално дизајнирани потпирачи за глава и нозе во продолжение на седиштата како и удобните перници на задната клупа ја потврдуваат репутацијата на MULSANNE како вистински автомобил по мерка на корисниците во Grand Tourer класата. Новите измени вклучуваат завеси за приватност во задниот дел од возилото што овозможува уште подобар одмор или подобри услови за работа на патниците во текот на патувањето. Новости во кабината се и делот за чување на предмети и потпирачите за раце на задните врати. Овој покриен дел, на секоја задната врата, е погоден за оставање на мобилни телефони, лични предмети или Bluetooth слушалки.
Новиот “Infotainment “ систем е опремен со најнова технологија со што кабината на MULSANNE станува вистински Wi-Fi Hotspot. Конекцијата се состои од Wi-Fi рутер, универзален мобилен телекомуникациски систем (UMTS), телефонски модул и SIM читач на картичка обезбедувајќи безжичен постојан интернет пристап до кој може да се пристапи од осум Wi-Fi уреди истовремено. Вградени се осум инчни LCD екрани, 20 GB хард диск и DVD плеер, кои се поврзани преку "‘Naim for Bentley" врвниот аудио систем, додека две групи на bluetooth слушалки и далечински управувач се во рацете на патниците.
"Новите функции на MULSANNE се комбинација на впечатлив дизајн со најнови технолошки достигнувања, кои му овозможуваат на нашиот врвен модел да понуди најдобро искуство на патот. MULSANNE е одраз на незаменлив луксуз, беспрекорни перформанси и удобност, а овие подобрувања ќе обезбедат неверојатно искуство за клиентите" - изјави г-дин Кевин Роуз, член на Одборот за продажба, маркетинг и постпродажни активности, коментирајќи ја новата палета на опции на MULSANNE.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





