Мадона продава скапа слика, ќе помага на авганистанските училишта
Објавено во: Стил 03 Април, 2013 19:38
Поп пејачката Мадона најави дека ќе продаде една апстрактна слика која ја поседува веќе 20 години, а парите ќе бидат донирани за училиштата низ Авганистан.
Сликата „Три жени на црвена маса“ од францускиот сликар Фернан Леже се очекува дека на аукцијата во „Сотби“ ќе достигне цена од пет до седум милиони долари.
Мадона изјави дека сака да „продаде нешто вредно за нешто што нема цена“ во земјите во кои образованието на жените е ретко или не постои.
Пејачката познатата слика на Леже ја купила исто така на аукција во „Сотби“ во 1990 година.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





