05 Декември, 2025
0.0305

Mадона стана милијардерка

Објавено во: Стил 28 Март, 2013 15:56

Добивај вести на Viber

Американската поп икона во пеесет и четвртата година од својот живот со десетцифрена банкарска сметка му се приклучи на ексклузивниот клуб на познати лица-милијардери. Пред само две години имотот на Мадона беше проценет на 700 милиони долари, но поп кралицата позната и како вешта бизнис жена, знаеше умно да ги инвестира своите пари со што за краток период имотот го зголеми на милијарда. Мадона доби 10 милиони долари од рекламата за вотка „Смирноф“, а нејзиниот парфем „Truth of Dare“ и донесе дополнителни 60 милиони долари. Таа инвестираше и во ланецот на фитнес клубови како и во еден диететски напиток што се покажаа како добри инвестиции. Не е за занемарување и приходот од продажба на албумот „МDNA“, како ни заработката од светската турнеја која и донесе повеќе од 305 милиони долари. Според експертите, Мадона би можела да заработи уште неколку милиони годинава од продажба на својата колекција за облека т.н. „Маterial Girl“.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: