07 Октомври, 2024
0.0251

Mагични фрази со кои ќе постигнете чуда со вашето дете

Објавено во: Стил 01 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Моќта на зборовите е напишана уште во антиката. Психолозите,  исто така секојдневно зборуваат за значењето на зборовите во човечкиот живот. Еден збор може и да не убие, и да не инспирира за нови достигнувања. Најзагрозени од зборовите се децата. За нив, она што го кажуваат родителите е вистина која е несомнена. Затоа мама и тато треба да бидат многу внимателни што им кажуваат на своите наследници и како го кажуваат, ако не сакаат да им наштетат.


Во текот на денот можеби немате време да му кажете на вашето дете неколку убави зборови. Сепак, пред да легнете во кревет, мора да создадете традиција на повторување на некои магични фрази, за да почувствувате љубов. Може тоа да го направите со поставување на детето во кревет со реченицата: Убави соништа мило моје, или пак, Сладок и мирен сон дете мое . . .


Ако би можел да изберам дете, јас би те избрал повторно тебе!

Слична фраза со која ќе му помогнете на вашето дете да се чувствува значајно. Иако неговото однесување не е секогаш идеално, тој останува најважната личност во светот за вас.


Те сакам!

Ние за жал многу  ретко им кажуваме на луѓето дека ги сакаме. И навистина ги сакаме нашите деца само што понекогаш забораваме да им кажеме.


Ти си  неверојатно дете! 

И тогаш можете да му објасните зошто.


Прости ми!

Многу родители не можат да им се извинат на своите деца. Барањето за простување не е слабост, туку обратно. Само силни родители можат да ги препознаат своите грешки.

Многу е важно да се помирите со вашето дете, откако ќе се расправате, за да  можете смирени и здружени да отидете во кревет.


Верувам во тебе!

Без да знае дека неговите родители веруваат во него, детето ќе биде крајно тешко да се справи со светот во кој живееме.

Не заборавајте да го потсетувате вашето дете секој ден дека верувате во него!


Мило ми е што те имам во мојот живот!

Од време на време не е лошо да ги потсетиме на наследниците наши дека сме исклучително среќни што го имаме во животот.


Никој не е совршен!

Оваа фраза е исклучително корисна за децата кои не се уверени во себе. Децата треба да знаат дека секој има право да направи грешка и право да го исправи!


Ти благодарам!

Многу е важно пред спиење да му се заблагодарите на вашето дете за сите големи работи што тој ги направил во текот на денот. Вашите зборови ќе го научат да ги вреднува и себеси и луѓето околу него.

Можеби ќе ве интересира

ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА - честитки од сите страни

ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА - честитки од сите страни