Махери за туризам, Грците заработуваат и од приказните за кризата
Објавено во: Стил 19 Февруари, 2013 20:50
„Обиколка на грчката криза“ е новата тура што една американска туристичка агенција ја нуди на своите клиенти кои сакаат да ја посетат Атина. Како што соопштува грчкиот туристички сајт „Травел дејли њуз“, турата трае три часа и за тоа време се посетуваат објектите кои беа најпогодени од кризата во регионот и од бројните граѓански протести.
Обиколката почнува од плоштадот„Синтагма“ пред парламентот, потоа се насочува кон местата на демонстрациите и другите објекти во центарот, споменувани од светските медиуми. На туристичките групи им се даваат информации за политичката ситуација и економската криза, што ги преживува Грција, дејствијата на Грците, демонстрациите, банкротот на грчката економија и појавата на „Златна зора“. На крајот на обиколката, туристите добиваат предлог да се напијат и грчко вино. Како организатор се јавува една од најсериозните компании во овој сектор „Контекс травел“, која за оваа тура наплаќа по 70 евра од секој клиент.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





