Маја Саздановска има друг талент, а не е пеењето: За Нова година бидете вие, а не некој друг
Објавено во: Стил 30 Декември, 2019 09:30
Тетка ѝ Виолета Томовска, дајенот на македонската народна музика ја нашминка перфектно за доделувањето на државната награда „Климент Охридски“ месецов во Собранието на РМ. Маја Саздановска-Лилчиќ (36), еден од најмоќните вокали во поп-музиката, секогаш барана и како придружен вокал, полујавно го негува и вториот талент-шминкањето, како што вели - креативниот уметнички израз кој ѝ фали во личното уметничко изразување.
Од пред четири години работи во Македонската опера и балет. Како мајка на преслатката Срна, вели одвај стига да ги заврши сите обврски во предновогодишната треска што го зафаќа Скопје.
- Во нашиот дом, Нова година дојде порано, на 25 декември. Тогаш ѝ е роденденот на ќерка ми Срна која наполни 7 години. Тука е најголемата забава, кога се собира целото семејство. Потоа одмараме. Заслужено. Изминативе два месеци како придружен вокал сум дел од концертите во регионот на поп-ѕвездата Калиопи со која настапувам шест години. Отпеавме 18 концерти низ цела БиХ и Србија. Колку насмеани лица и пријателства излегоа од сето тоа! Неповторливо и непроценливо...
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





