Мајка
Објавено во: Стил 22 Мај, 2019 08:59
Секој еден некој кој си дал за право јавно да се изјасни, во било која уметничка форма и начин, ја појавува својата мајка во некој даден момент. Во најголемиот број на случаи таа е позадината на творештвото, јас велам стартна муза, од неа започнало се'.
Јас мојата Драма ја започнав со неа, за неа. Првиот гердан се вика Јулија и го има таа. Се сеќавам како дете бевме со скромни примања. Не можеа секогаш да ми дадат се, иако од петни жили се трудеа да тоа јас не го почувствувам. Таа особено, знае да шие од мала, сама се има дотерувано како девојка затоа што не сакала да личи на сите. Сакала да биде своја и уникатна, женствена префинета и танана. Имала црна долга коса што ја носела во плетенка, 90-59-89 идеални пропорции, секогаш на високи подпетици и секогаш во лелеави здолништа. По природа е малку намќор, ама само на прва, тоа и е одбранбен механизам да не и пристапи било кој, селективна е во љубовта. Но, кога ќе те пушти, кога ќе ти дозволи да ја запознаеш, не постои опција да не се заљубиш смртно во неа. Големата мајка, на цело мое друштво успева да даде љубов и разбирање. Имам една вечна слика во мојата глава за неа дотерана во црвени чевли, со пепито костим, црвен кармин и нокти, косата виткана со ладна, како оди на работа во погон во Фабрика.
Целата колумна на Ивана Кнез читајте ја на Женски магазин, тука.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





