Мајка ми е жена на која би сакала да наликувам: Искрено со Каролина Гочева

Објавено во: Стил 20 Јуни, 2022 10:20
На први јули на стадионот на АРМ, Каролина Гочева ќе нè прошета низ нејзиното најубаво музичко време, и не случајно овој концерт на отворено е наречен „Ајде да летаме“. На многу места во нејзиното срце и низ многу теми „се прошетавме“ во овој убав муабет. Секое интервју со Каролина е посебно на свој начин, а во ова е искрена како ретко кога. Зборува за таблоидните наслови за кои вели дека никогаш не реагирала, мајка ѝ која ѝ е животен пример, сестрата и внуките, сопругот, но и за нејзината голема промена за која вели: „Иако и понатаму имам висок праг на толеранција, и тоа како знам да полудам и да повишам тон и да не бирам зборови“.
*На први јули ќе одржиш концерт на Стадионот на АРМ, со твоите најголеми хитови. Кој репертоар го избравте овојпат, ќе има ли можеби и постари песни кои долго не си ги пеела?
*Имаш ли најдраги песни во кариерата кои имаат посебно, емотивно значење за тебе а се врзани за некоја конкретна случка, или настап кој засекогаш ќе го паметиш?
- Имам и најдраги песни, и најдраги концерти, настапи, патувања… навистина имало милион случки низ годиниве...сум пеела и среќна, и тажна и болна и вознемирена...вака на прва, најдраги ми се можеби првите концерти во МОБ, 2014та со „Македонско девојче 2“, имаше некоја посебна магија од првиот до последниот, исто, анплагдот во 2012 во Универзална, летните амфитеатри имаат исто посебна магија, сношти пеев повторно во Хераклеја после 4 години... патувањата… за песните пак, се случувало некоја да ми се допаѓа премногу додека ја снимам, па после да не ми е повеќе толку драга, а исто и некоја отпосле да ми прирасне за срце... но без сомнеж, од оние кои најмногу ме погодуваат кога и да ги пеам ми се „Капка под небото“ и „Кој да ми запее“.
- Задничките одмори ми се една од најомилените наши традиции. Секоја година одиме некаде заедно ние 5. Со сестра ми сме доста различни во повеќето работи, освен што со текот на годините се повеќе физички наликуваме. Како деца нормално многу се каравме и тоа главно за секојдневни глупости, најмногу за телефонот (во тоа време беше еден домашен) и цел ден беше кај сестра ми, хахаха, за облеки, кој филм да се гледа и сл. И сега не се согласуваме околу еден куп работи и често знаеме да се скараме, ама па и многу сме блиски и многу се сакаме, особено јас нејзе. (се смее). Кога сме кај сегашните кавги, јас најчесто ѝ се лутам кога со часови не можам да ја добијам на телефон, особено ако е на пат.
- Палавштините беа резервирани за сестра ми, секогаш беше похрабра, а и повеќе ѝ се прегледуваше низ прсти, второ дете Јас бев многу мирна и тивка додека растев, од оние деца што ќе влезат во просторија и ќе си седнат во ќош за никој да не ги види, а искрено, ни сега не сум баш некој пример за екстровертна личност но сепак, сум до некаде, променета, би рекла на подобро.
*Физички потсетуваш на твојата мајка, колку и карактерно наликуваш на неа?
-Ова ми е еден од најубавите комплименти! Мајка ми е навистина жена на која би сакала да наликувам и драго ми е ако барем физички е така. Карактерно, не знам, можеби во нешто, но генерално, трите сме потполно различни, а заедно сме во совршен баланс. Не знам дал ќе се согласат ако го прочитаат ова но обично јас сум балансот, хахаха.
- Мислам дека тоа се должи на муабетот што го правевме на вибер, хаха. Дури и кога им бев поинтересна, тоа обично се базираше на таа таблоидна потреба за бомбастичен наслов, па многу често знаеле работите да се извадат од контекст. Па, и ден денес гледам како милиониве онлајн медиуми само ловат и смислуваат провокативен наслов кој не мора да има било каква врска со текстот туку важно е да привлече коментари, најчесто негативни на сметка на личноста за која се пишува. Но, тоа е што е... јас не се лутам никому, на крајот, секој си е таму во животот каде што заслужил. Не се сеќавам и дека некогаш особено сум реагирала, освен ако сум сметала дека тој некој новинар/ка ми е некаков пријател. Но, колку и нешто да ме погодило во тој одреден момент, не сум дозволувала значајно да ми влијае на животот. А и како велат, секое чудо за три дена.
Фото: Мартин Трајановски
Можеби ќе ве интересира
„МЕ ОПЕРИРАШЕ ВРВНА ДОКТОРКА, ПАЦИЕНТИТЕ ОД КОЧАНИ ГИ ЧУВААТ КАКО КАПКА НА ДЛАНКА“ - Весна Петрушевска направи реконструктивна операција, ова се деталите
