05 Декември, 2025
0.0265

Мајка на 11 деца никогаш не работела, а државата и додели куќа

Објавено во: Стил 04 Јули, 2013 22:24

Добивај вести на Viber

Англичанка, која е мајка на 11 деца и никогаш не работела, ќе добие од државата куќа вредна 500 000 фунти. Куќата е изградена специјално за неа (со парите на даночните обврзници). Таа ќе има 6 спални. Во моментов, таа и нејзините деца живеат во помали куќички, пишува „Daily Мail“ и чекаат да заврши изградбата на новиот дом. Историјата на 37-годишната Хедер Фрост предизвикува незадоволство на Островот, бидејќи таа никогаш не работела, а ќе добие на подарок куќа со 6 спални и 3 бањи. Оваа сторија е само дел од сериалот на весникот во кој се раскажува за тоа како општествениот систем на Островот ги учи младите луѓе да живеат од помош, без да имаат поттик за работа. Новиот дом на Хедер Фрост ќе биде еко-куќа, бидејќи е моделиран  за да се намали потрошувачката на енергија и да се користи повеќе природна светлина. Првичните пресметки за цената на домот беа  400 000 фунти, но се покажа дека ќе изнесува половина милион фунти. Домот ќе има вкупна површина од 171 квадратни метри, како и градина. Госпоѓа Фрост не може да има повеќе деца бидејќи преживеала рак на матката. Првите пет деца се од еден маж, а за следните 6 таа не открива. „Daily Mail“ проценува дека таа веќе зема  околу 30 000 фунти помош годишно. Просечната плата во Велика Британија е 26 500 фунти годишно.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: