05 Декември, 2025
0.1779

Мајката на Дарко Лазиќ ја отвори душата и кажа се за состојбата на пејачот

Објавено во: Општо 01 Ноември, 2018 10:06

Добивај вести на Viber

Дарко во моментов се наоѓа на одделението за интензивна нега, состојбата моментално му е стабилна, но го чека долг пат до опоравувањето. Пејачот повеќе не е во животна опасност.

Неговата состојба е стабилна, а мајка му вели дека состојбата на Дарко сега е многу подобра и дека многу од пишувањата во медиумите не се точни.

-Се пишуваше и зборуваше се. И тоа покрај таа тешка ситуација ми беше многу тешко. Но половина од тоа што го објавуваа медиумите не е точно. Ние не сакавме да даваме никакви изјави, јасно ви е дека не ни беше до ништо. Но, еве сега можам да ви кажам дека сме подобро, и дека тој е многу подобро и сега тоа е најважно. Засега го чека само операција на бутната коска, но не знаме уште кога ќе биде. Ништо од другите нешта што се пишуваа не се точни. Операцијата на ногата е единственото што се чека-вели мајката на Дарко.

Таа додава и дека се лажни вестите дека Марина, девојката на Дарко, не можела да го види веднаш, туку кога се разбудил од кома. -Таа можеше да го види уште првиот ден и заедно со нас влезе во соба веднаш по несреќата. Таа беше цело веме покрај него. Таа е прекрасна девојка и Дарко многу ја сака.-вели Бранка, мајката на Дарко Лазиќ.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: