19 Декември, 2025
0.1209

Мајкрософт го купува бизнисот со мобилни телефони од Нокиа

Објавено во: Свет 03 Септември, 2013 09:45

Добивај вести на Viber

Мајкрософт планира да го купи одделот на Нокиа за производство на мобилни уреди, потврдија од американскиот гигант. Купопродажниот договор ќе изнесува 5,44 милијарди евра (7,2 милијарди долари) и се очекува тој да заврши во првиот квартaл од 2014 година, бидејќи мора да го одобрат акционерите на двете компании и пазарните регулатори. Договорот предвидува Мајкрософт да ги добие и сите патенти на Нокиа за мобилните апарати. Според договорот, Мајкрософт ќе плати 3,79 милијарди евра за одделот на Нокиа за мобилни уреди и 1,65 милијарди евра за патентите, стои во соопштението на двете компании објавено денеска. Нокиа, некогашниот неприкосновен лидер на пазарот на мобилни телефони, последните неколку години се соочува со финансиски проблеми бидејќи изгуби дел од пазарниот удел подари големиот успех на паметните телефони на Самсунг и Епл. Во 2011 година Нокиа склучи партнерство со Мајкрософт за користење на софтверот Windows Phone за мобилни уреди, а истата година на чело на компанијата од Мајкрософт доаѓа Стивен Елоп. Неодамна Нокиа соопшти дека нејзината продажба на мобилни телефони во вториот квартал падна за 27%, додека во последните девет тримесечја нејзината загуба изнесува повеќе од пет милијарди евра.  

Можеби ќе ве интересира

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација