17 Јуни, 2024
0.0272

Македонците и во криза трошат најмногу за цигари!

Објавено во: Економија 30 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Просечно четиричлено домаќинство во земјава лани се почестило со 9.423 денари, од кои 6.335 денари за тутун, а 3.088 за алкохол. Тоа е сума која е далеку повисока од парите што просечно домаќинство ги одвојува, на пример, за овошје (6.607 денари), обувки со вклучени поправки (5.950 денари). А девет пати е помала од таа што се издвојува за образование - 1.720 денари годишно, објави ТВ Тера. Македонците убедливо најмалку се фаќаат за џеб кога е образованието во прашање. За рекреација и култура за што вкупно годишно се одвојуваат 7.113 денари. Овие чудни податоци ги открива Статистичкиот годишник за лани, според кој ситуацијата претходните години била далеку полоша. Тогаш граѓаните повеќе посегале по паричник за алкохол и пороци отколку за други потребни набавки. Математиката покажува дека лани во просек домаќинствата пиеле 136,4 литри млеко или за таа намена издвоиле 5.526 денари од домашниот буџет, сума која е за илјада денари помала од таа издвоена за цигари. Статистичкиот годишник на Заводот за статистика отсликува низа промени во финансиите и во нивната употреба кај македонските семејства. Податоците покажуваат дека лани едно просечно четиричлено домаќинство имало на располагање 5.578 евра (343.092 денари) или 238 евра повеќе од 2012 година. Лани граѓаните помалку пари трошеле на сообраќај и здравје, плаќале пониски сметки за комуникација, им се намалиле трошоците за станарина, вода, електрична енергија и за горива, а имале и пониски трошоци за отплата на кредити и заеми. Малку паднала и сумата што ја оставале на име на штедење во банка. Од друга страна, им се зголемиле трошоците за стан, куќа и имот. Просечно четиричлено домаќинство лани потрошило 10.247 денари во ресторани и хотели во споредба со шестпати помалку пари или симболични 1.720 денари, кои ги намениле за доусовршување на образованието. Односно, минатата година секое македонско семејство потрошило 2.762 денари на член во ресторани и хотели, а само 464 денари за книги и за зголемување на своето образование. Но, затоа се удвоила сумата потрошена на пакет-туристички аранжмани, од 599 на 1.136 денари лани, а паднала таа за услуга за култура и разонода, како и на таа за други средства за рекреација, како цвеќиња, миленици.

Можеби ќе ве интересира

ШОКАНТНО ВИДЕО: ПАТНИЧКА ВО АВИОН СЕДИ ВРЗАНА ЗА СЕДИШТЕ, НА РАЦЕТЕ И ЛИЦЕТО ИМА СЕЛОТЕЈП - но, ја знаете ли причината

ШОКАНТНО ВИДЕО: ПАТНИЧКА ВО АВИОН СЕДИ ВРЗАНА ЗА СЕДИШТЕ, НА РАЦЕТЕ И ЛИЦЕТО ИМА СЕЛОТЕЈП - но, ја знаете ли причината

НОВ МЕГАПРОЕКТ ВО ХРВАТСКА, НА БРЕГОТ НИКНУВА „ГРАД НА ИДНИНАТА“ - ќе чини од 20 до 30 милиони евра

НОВ МЕГАПРОЕКТ ВО ХРВАТСКА, НА БРЕГОТ НИКНУВА „ГРАД НА ИДНИНАТА“ - ќе чини од 20 до 30 милиони евра

Скандалозно! Заради провизијата на ЕСМ Продажба сите девет школи во Општина Центар ќе плаќаат поскапа струја од касарните на АРМ

Скандалозно! Заради провизијата на ЕСМ Продажба сите девет школи во Општина Центар ќе плаќаат поскапа струја од касарните на АРМ

ГЕРМАНСКИОТ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА СПОРТСКА ОПРЕМА „АДИДАС“ ИСТРАЖУВА ОПСЕЖНА АФЕРА - еве за што се работи

ГЕРМАНСКИОТ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА СПОРТСКА ОПРЕМА „АДИДАС“ ИСТРАЖУВА ОПСЕЖНА АФЕРА - еве за што се работи

Во македонската Развојна банка се добива по 1.000 евра плата и никој не сака да си оди

Во македонската Развојна банка се добива по 1.000 евра плата и никој не сака да си оди

КОЈ Е РИЗИКОТ ОД ТРГОВСКА ВОЈНА МЕЃУ КИНА И ЕУ?: Дали таа е возможна и што би се случило доколку ја има?

КОЈ Е РИЗИКОТ ОД ТРГОВСКА ВОЈНА МЕЃУ КИНА И ЕУ?: Дали таа е возможна и што би се случило доколку ја има?

Квадрат на хрватското приморје чини 4.000 евра, во Албанија под 1.000: Ова се цените на недвижностите покрај море на местата каде Србите најмногу купуваат

Квадрат на хрватското приморје чини 4.000 евра, во Албанија под 1.000: Ова се цените на недвижностите покрај море на местата каде Србите најмногу купуваат

Измама од две евра завладеа со социјалните мрежи: Еве како да ја препознаете

Измама од две евра завладеа со социјалните мрежи: Еве како да ја препознаете

ЌЕ ИМ СЕ СЛУЧИ БУМ ИЛИ РАЗОЧАРУВАЊЕ: Еве како фудбалското првенство во Германија ќе влијае на економскиот раст

ЌЕ ИМ СЕ СЛУЧИ БУМ ИЛИ РАЗОЧАРУВАЊЕ: Еве како фудбалското првенство во Германија ќе влијае на економскиот раст