20 Декември, 2025
0.0622

Македонците најчести, но и најскржави туристи во Грција!

Објавено во: Мои пари 16 Ноември, 2013 18:15

Добивај вести на Viber

Македонците се најдоа први на листата на Грчката комора на хотелиери, според бројот на странски туристи кои во август месец ја посетиле Грција. Имено, според истражувањето кое го спровела комората, 473.819 Македонци, во август влегле во Грција, со 1.826.851 ноќевања, оставиле 65,8 милиони евра. Македонецот, при влез во Грција трошел 139,1 евро, а за ноќевање 36,1 евро, објави Канал 5 телевизија. Според податоците од грчката Комора на хотелиери посетителите од нашата земја се најбројни, но и со најмали трошоци. Во споредба со нас, Албанците на пример кои се на 6 место, имаат речиси 15 пати помала посетеност, но при секој влез оставале 409,6 евра, односно 130,6 за секое ноќевање. На листата која се однесува на влез во Грција по земјен пат, односно со автомобил или автобус веднаш зад Македонија е Србија, а потоа следат Турција, Германија, Бугарија, Албанија,Романија, Русија и Украина. Според истражувањето на сојузот на хотелиери од Солун, пак, Македонија е спомената како една од 20 земји со најголемо зголемување на посетите на Солун, во однос на лани, за периодот јануари – август 2013. За првите 8 месеци од годината, Македонија е на 15 место со 11.266 ноќевања, односно 10,79 проценти повеќе во споредба со лани истиот период.  

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии