26 Април, 2024
0.0304

Македонците од Хрватска бараат да не се откажеме од идентитетот

Објавено во: Македонија 14 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Македонската дијаспора во Хрватска преку отворено писмо побара од Република Македонија да не подлегне на притисоците и да прифати недостоинствен предлог за решавање на спорот за името. Македонците од Хрватска бараат да се сочува идентитетот, особено во ова доста тешко време со многу предизвици.

- Ви се обраќаме во името на Заедницата на Македонците во Република Хрватска како кровна организација на сите македонски друштва во Република Хрватска, Координацијата на Советите и претставниците на македонското национално малцинство во Република Хрватска и од сите други асоцијации и друштва на македонското малцинство во Република Хрватска со отворено писмо во коешто Ве повикуваме во овој историски момент за Република Македонија, за сите Македонци и македонски граѓани да го сочувате идентитетот и етницитетот на македонскиот народ и македонската држава со сето нејзино историско, јазично, верско и културолошко наследство коешто им припаѓа на Република Македонија, на македонскиот народ и македонските граѓани.

Според Повелбата на Обединетите нации која се темели на начелото на рамноправност и самоопределување на народите, на суверената еднаквост на сите нејзини членки, како и на рамноправноста на малите и големите народи, Македонија како полноправна членка на Обединетите нации која под уставното име е признаена од трите највлијателни држави на светот и од преку 130 други суверени и слободни земји членки на Обединетите нации има обврска, но и право да не отстапи на барањето на една единствена членка која ги негира македонската државност, идентитетот и етницитетот на македонската нација.

Според Привремената спогодба од 13 ноември 1995 година, склучена меѓу Хеленската Република и Република Македонија, а која е составена и ратифицирана во духот на демократијата и основните човекови слободи, Република Македонија се согласи да учествува во меѓународните организации под привремената референца на англиски јазик, а Хеленската Република се обврза да не и прави препреки на Република Македонија за пристапување кон членство во меѓународните организации под привремената референца на името на државата која произлегува од Резолуцијата 817 со којашто Република Македонија е примена во членство на Обединетите нации.

Со пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Ден Хаг од 5 декември 2011 година дадена е меѓународно-правна потврда дека Хеленската Република ја прекршила билатералната спогодба од 1995 година со којашто се обврзала дека нема да ја блокира Република Македонија во пристапувањето кон меѓународните организации, ако таа пристапува под привремената референца под која е и членка на Обединетите нации. На Република Македонија и е ускратено пристапувањето кон Северноатлантската алијанса (НАТО) во 2008 година поради грчкото вето, иако Република Македонија сакаше да пристапи под привремената референца.

Република Македонија 1995 година ги смени вексиколошките и хералдичките симболи на државата и се согласи, во духот на солидарноста, добрососедските односи и меѓународното право, да пристапи кон членство во меѓународните организации врз основа на привремената референца на името на државата под кое стана членка на Обединетите нации. Хеленската Република не ја испочитува билатералната спогодба и ја блокира Република Македонија во пристапувањето кон евроатлантските интеграции, што Меѓународниот суд на правдата со пресудата и го потврди.

Од самостојноста на Република Македонија, под уставното име ја признале преку 130 држави во светот. Откажувањето од сопственото уставно име на државата и нацијата е покажување на несигурност во сопствениот идентитет. Македонија има обврска не само кон сите меѓународни субјекти кои не признале под уставното име, не само кон сите нас кои сме активни или пасивни учесници во политичките процеси, туку и кон сите тие што биле пред нас и кои сега не се во можност да дејствуваат и да се борат за зачувување на македонската држава и нација, а и кон сите оние кои доаѓаат после нас и кои исто сега не се во можност да учествуваат во зачувувањето на македонската држава и нација. Идентитетот на македонската нација е непренослив, неодвоив и иманентен на македонската држава како политичко остварување на народите во модерното меѓународно политичко уредување на нациите и државите како апсолутни носители на политичката власт. Идентитетот на нацијата и државата не е сопственост на носителите на државјанството ниту на носителите на етницитетот и затоа не постои легитимитет и легалитет по ниедна правна основа да може да се одлучува за можната промена и/или аброгацијата на нацијата и државата. Не постои никаква историска нужност за таков противправен, противнационален и противдржавен чин.

Крајна цел на грчкиот национализам и грчкиот историски мит е уништување на македонскиот идентитет како засебен национален, кој не е инкорпориран во грчкиот историски мит за ексклузивно право на наследство на античка Македонија, но и во негацијата на геноцидот извршен над македонското и другото не-грчко население по Балканските војни. Со уништувањето на македонскиот идентитет ќе се уништат сите посебности на македонската нација. Затоа е јасно дека во иднина, при приемот на Македонија во членство на Европската унија ќе се појават нови грчки барања во контекст на понатамошни одрекувања од историскиот, културниот, но и од јазичниот идентитет на Македонците и македонската држава. Во случај на губење на идентитетот на нацијата, историската одговорност ќе биде на сите нас како директни и единствени виновници.

Македонските евроатлантски аспирации се афирмативни во склоп на европските вредности и интереси, но не ги надминуваат загубата на идентитетот на нацијата и стекнатите права и вредности како полноправна членка на Обединетите нации и Советот на Европа. Во согласност со моменталните политички, економски и геополитички односи во светот и Европа, решението треба да биде донесено во даден временски континуум, а не во рок наметнат од други или трети страни кои имаат улога на медијатори.

Согласно наведеното, ги повикуваме сите граѓани на Република Македонија, Македонки и Македонци, македонската влада, претседателот на Република Македонија, пратениците во Собранието, судиите на Уставниот и Врховниот суд, членовите на Македонската академија на науките и уметностите и Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и членовите на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква како носители на еманација на македонската нација и држава да не отстапат пред политичките притисоци и никако да не се согласат на ниту едно друго име освен уставното име на македонската држава - Република Македонија - стои во отвореното писмо на Заедницата на Македонците во Хрватска.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот