25 Април, 2025
0.0603

MAKЕДОНЦИТЕ ЖИВЕАТ ПОДОЛГО ОД АФРИКАНЦИТЕ, НО ПОКРАТКО ОД ЕВРОПЈАНИТЕ: Што треба да смениме во начинот на живот за подолг век?

Објавено во: Македонија 21 Март, 2023 07:11

Добивај вести на Viber

Македонските граѓани во просек живеат по дваесет години повеќе од жителите на африканските држави, но сепак по должината на векот се далеку од луѓето во развиените западни земји.

Податоците на Обединетите нации покажаа дека Македонците во просек живеат по 75 години, додека најкраток век имаат жителите на Чад, со просек од 53,68 години, а најдолго живеат луѓето од Монако со просек од 87,01 години. Наведено е дека генетиката, полот и начинот на живот влијаат на животниот век. Потоа како фактори се земаат предвид и хигиена, исхрана, култура, избор на професија, пороци, вежбање, пристап до квалитетна здравствена заштита, па дури и криминалните стапки. 

Лилија Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари  вели дека народот мора да внимава на своето здравје, да се откаже од пороци, но и многу работи во општеството да се сменат. Смета дека не е здраво децата да бидат постојано на социјалните мрежи или да следат содржини кои промовираат насилство, а сето тоа резултира со стрес, депресија, создавање на гнев. За најмладите треба повеќе едукативни содржини, настава во природа, физичка активност. Чолакова Дервишова советува граѓаните во слободното време да спортуваат.

„За возрасните, сите кои имаат услови и можат да си дозволат, добро е да заминат надвор од урбаната средина, да излезат на воздух, да работат затоа што работата го одржува човекот, да произведуваат храна за која ќе знаат колку е прскана. Едноставно, градовите секаде во светот се гушат, така што наместо бетонизација, добро е луѓето да изберат да бидат на чист воздух, подалеку од урбаната врева“, рече Чолакова Дервишова.

Нутриционостот Фани Гулевска објаснува дека консумирањето на здрава храна може да придонесе за подолг животен век.

„Генетиката е тоа што го носиме во себе кога ќе се родиме, но понатаму на нас останува со какво темпо ќе го живееме животот, како ќе се храниме. Научно е докажано дека здравата храна води кон подолг живот. Но, мораме и да спортуваме, да не бидеме статични, да имаме позитивна мисла, затоа што стресот е фактор за развивање на многу болести. Но, дури и кога се работи за стрес, здравиот организам полесно ќе се избори со тие стресни ситуации“, вели Гулевска.

Психологот и психотерапевт Радмила Манчевска објаснува дека стресот е многу опасен и директно влијае на должината на животниот век.

„Стресот влијае на имунитетот, ги исцрпува капацитетите на организмот, го ослабнува и ги поттикува генетските предиспозиции за развивање на одредени болести. Преживеаните стресни ситуации водат кон појава на различни болести“, рече психологот Манчевска.

Регионално истражување на тинк-тенк организацијата „Аналитика“ и Универзитетот во Чикаго, пред некоја година покажа дека Македонија е лидер по бројот на пушачи во регионот и во Европа. Дури 48,4 проценти од населението посегнува по цигара, со што државата успеа да се искачи високо иа светската топ 10- листа на земји најголеми зависници од тутун. Македонците во просек пушат по 20 цигари на ден, а најбројни меѓу пушачите се мажите. 

Во Хонг Конг просекот е 85,83 години, Макао (85,51), Јапонија (84,95), Лихтенштајн (84,77), Швајцарија (84,38), Сингапур (84,27), Италија (84,2), Ватикан (84,16), Северна Кореја (84,14 години). Кус просечен животен век имаат жителите на  Нигерија (53,87 години), Лесото (54,91), Централноафриканската Република (55,48), Јужен Судан (56,51), Сомалија (57,35), Есватини (57,71), Намибија (59,93), Гвинеја (59,55), Мали (69,03 години).

Сања Атанасовска

foto freepik.com/jcomp

Можеби ќе ве интересира

„ВИСТИНАТА Е КАКО ШИЛО, ВЕРУВАМ ДЕКА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ НА ПОВРШИНА“: Поранешната прва антикорупционерка вели дека многу и е тешко

„ВИСТИНАТА Е КАКО ШИЛО, ВЕРУВАМ ДЕКА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ НА ПОВРШИНА“: Поранешната прва антикорупционерка вели дека многу и е тешко

Премиерот живее во близина, а не гледа: „Дива“ улица излегува директно на пешачки премин

Премиерот живее во близина, а не гледа: „Дива“ улица излегува директно на пешачки премин

Уапсен 19-годишен насилник од Кисела Вода, нападнал граѓани со бехатон плочки

Уапсен 19-годишен насилник од Кисела Вода, нападнал граѓани со бехатон плочки

ЛЕВИЦА: И таткото на Тошковски бил дел од бизнисот со мито за инвалидски пензии

ЛЕВИЦА: И таткото на Тошковски бил дел од бизнисот со мито за инвалидски пензии

„НИТУ ЕДЕН БИЗНИСМЕН НЕ СЕ ОДЗВАЛ НА ПОКАНАТА ДА УЧЕСТВУВА НА АУКЦИЈАТА НА 26 АПРИЛ“: Се потешко оди собирањето средства за настраданите и повредените од Кочани

„НИТУ ЕДЕН БИЗНИСМЕН НЕ СЕ ОДЗВАЛ НА ПОКАНАТА ДА УЧЕСТВУВА НА АУКЦИЈАТА НА 26 АПРИЛ“: Се потешко оди собирањето средства за настраданите и повредените од Кочани

НИТ СЕ ЈАВИЛА ВРЕСКАЈЌИ, НИТ ИСЧЕЗНАЛА: „Веста дека сум исчезнала е лажна!“, се огласи Симона

НИТ СЕ ЈАВИЛА ВРЕСКАЈЌИ, НИТ ИСЧЕЗНАЛА: „Веста дека сум исчезнала е лажна!“, се огласи Симона

СЕЛЕКТИРАЊЕ НА ОТПАД: Чекор за заштита на природата, но и можност нешто да се заработи

СЕЛЕКТИРАЊЕ НА ОТПАД: Чекор за заштита на природата, но и можност нешто да се заработи

„ДКСК БЕШЕ СИНОНИМ ЗА НАДЕЖ, ИНТЕГРИТЕТ, СВЕТЛА ТОЧКА И ОСТРОВ НА ИНТЕГРИТЕТ“: Никола Димитров за претседателката на антикорупциска

„ДКСК БЕШЕ СИНОНИМ ЗА НАДЕЖ, ИНТЕГРИТЕТ, СВЕТЛА ТОЧКА И ОСТРОВ НА ИНТЕГРИТЕТ“: Никола Димитров за претседателката на антикорупциска

ЕВЕ КОЈА Е ПРИЧИНАТА ЗА ВАКВИТЕ ВРЕМЕНСКИ ПРИЛИКИ: Станува збор за плитка фронтална долина

ЕВЕ КОЈА Е ПРИЧИНАТА ЗА ВАКВИТЕ ВРЕМЕНСКИ ПРИЛИКИ: Станува збор за плитка фронтална долина