15 Декември, 2025
0.0424

Македонец и Сириец криумчареле 15 мигранти, на возилото имало и украдени таблички

Објавено во: Македонија 05 Ноември, 2025 12:58

Добивај вести на Viber

Нa 04.11.2025 околу 20:00 часот во близина на ловиште „Погана“, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишија од слобода Д.Ј.(37) од Кaвадарци, соопшти МВР.  

„Претходно, на местото, полициските службеници забележале група од 16 лица мигранти(13 од Египет, двајца од Турција и еден од Сирија) и во нивна близина е затекнат Д.Ј. со возило „шевролет каптива“ со кавадаречки регистарски ознаки. При преземање мерки констатирано е лицето од Сирија Х.А.(28) му помагало на Д.Ј., односно со другите лица илегално ја преминале државната граница и ги спровело до местото. Исто така, при преземање на мерки, констатирано е дека регистарските таблички од возилото се пријавени за украдени, односно припаѓаат на друго возило.
Мигрантите се спроведени во прифатно-транзитен центар во Гевгелија, а возилото е одземено. Д.Ј. и Х.А. се задржани во полициска станица“, велат од полицијата.

За случајот, известен и јавен обвинител и по целосно документирање, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат