Македонец во кома по вакцинирањето во Ниш
Објавено во: Македонија 29 Март, 2021
Човек на 73 години за кој се тврди дека е од Македонија, но без прецизни информации од каде точно не е во свесна состојба и е хоспитализиран на Универзитетскиот клинички центар во Ниш. Македонецот ја примил вакцината и неговата состојба наеднаш се влошила, потврдува директорот на центарот Зоран Перишиќ, пишува „Јужне вести“.
„Нема никакви промени во неговата состојба од вчера“, изјави Перишиќ.
Тој додава и дека не е позната причината зошто е пациентот во кома, но потенцира дека се исклучени кардиолошки проблеми.
„Со оглед на тоа дека пациентот имал операција со четири бајпаса, направена е и коронарографија и сликани се и бајпасите, нема знаци за инфаркт, ништо не се случило околу срцето. Така што, тие причини се исклучени“, вели Перишиќ.
Додава дека во зависност од здравствената состојба на пациентот ќе се направи и дополнителна дијагностика.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.