19 Декември, 2025
0.0434

Македонец засадил скап зачин во кој се бањала и Клеопатра

Објавено во: Економија, Агробизнис 15 Октомври, 2018 17:20

Добивај вести на Viber

Стојче Петровски од Скопје, пред три години почнал да одгледува шафран, исклучително скап зачин кој е редок на нашите простори, а со него во минатото се капела и кралицата Клеопатра.

Тој има засадено површина од 1/2 декари во Скопје.  Добил идеја, а искуството за тоа како се одгледува овој скап зачин го прибирал од пријатели од странство. За шафранот вели дека не бара многу грижа.

„Идејата ја проучувам малку подолго и искуствата ги „вадев“ од пријатели од Хрватска, Холандија и Швајцарија, по што се одлучив да одгледувам шафран. Самиот шафран не бара многу агротехнички мерки. Пред да се стави во земја, а тоа се сади крај на август почеток на септември, бара претходно есенско,  пролетно орање на земјиштето и пред самото садење фрезирање на површината. Шафранот не бара вода,  исклучиво ако во летниот период не падне 30-40 дена дожд може малку да се освежи, исто така и е отпорен на мразеви до -20 во земја. Тој бара еднаш годишно да се стави органско ѓубре“ - вели Петровски.

Додава дека организиран пласман нема, но тој го нуди шафранот на домашниот пазар. Овој зачин има примамлива цена.

„Пласман за шафранот нешто регулирано нема,  ама има голема побарувачка како на светскиот,  така и на домашниот пазар. Шафранот се продава преку интернет мрежите и посебни сајтови. Јас го продавам во Македонија,  а подготвувам и други работи со шафранот кои се во процес на формирање. Цената на шафранот се движи од 4000-5000 евра, па нагоре по килограм. Во Македонија сѐ уште не е познато ова божје растение кое нашите предци го имаат донесено од Персија за времето на Александар Македонски, со тоа што во оној дел кој бил македонски во Грција до ден денешен се одгледува и е еден од поквалитетните шафрани во светот. Во последно време има доста заинтересирани за одгледување на шафран во Македонија, ама сѐ уште се бориме со бирократијата за што се надевам дека за брзо време ќе ги решиме сите нерегулирани работи“ - раскажува Петровски.

Цената на шафранот зависи од квалитетот.  Во народот шафранот е познат како златна или божја миродија. 

Ва­жи за билка која по­ма­га при ва­ре­ње­то, но нај­важ­но е што има по­се­бен, из­во­нре­ден вкус, а на ја­де­ња­та им да­ва по­себ­ност ка­ко ни­е­ден друг за­чин.

Шафран најмногу се произведува во Иран, околу Мeдитeранот,  во Франција, Шпанија, Мароко, Грција, Турција, Италија и Австралија. Годишното производство изнесува околу 200 тони. Во Иран се произведува приближно 170 до 180 тони годишно.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии