„Македонија 2025“ со коктел ги привлекува инвеститорите во Торонто
Објавено во: Стил 10 Јули, 2013
На коктелот во Торонто, вчера присуствуваа повеќе од 60 македонски и канадски бизнисмени, меѓу нив членови од Одборот на Директори на Македонија 2025, угледни бизнисмени од Канада со македонско потекло како и бизнис делегација од Македонија од различни професионални профили.
Мајк Зафировски, Претседател на Одборот на директори на Македонија 2025 ја отвори вечерта со акцентирање на важноста од постоењето на македонската дијаспора и нејзиното организирано и професионално дејствување со цел да се помогне на татковината во градењето на посилна економија а со тоа и на посилна држава.
„Потенцијалот на македонската бизнис дијаспора е голем, а токму настаните од овој тип нудат одлична можност за луѓето да се придружат и да отпочнат соработка.“кажа Мајк Зафировски.
Џон Битов, член на Одборот на директори на Македонија 2025 верува дека Инвестицискиот Самит кој Македонија 2025 го организира во Охрид е одлична можност за потенцијалните инвеститори да дознаат повеќе за бизнис можностите во Македонија и воедно ги покани сите присутни да земат учество на Самитот во октомври.
Зоран Мартиновски, член на Одборот на директори на Македонија 2025 ја истакна вредноста која студиската програма во Торонто ја има за учесниците од Македонија. Оваа студиска програма ќе го промени начинот на размислување на бизнис професионалците, ќе ги охрабри да бидат поиновативни, ентузијасти и секогаш да се трудат да ги прошират нивните бизниси на глобално ниво.
Домаќинот на коктелот, Генералниот Конзул на Република Македонија во Канада, Н.Е. Драган Ѓурчевски истакна дека Македонија веќе има имплементирано многу олеснувања со цел да привлече поголем број странски инвеститори.
„Бизнис климата континуирано се подобрува, а реформите создадоа поволни услови за отварање и водење на бизнис.“ кажа Драган Ѓурчевски.
Дополнително Конзулот Ѓурчевски ја истакна важноста од одржувањето на вакви настани кои ги поврзуваат бизнисмените од Канада и Македонија, и напорите да создадат услови за соработка и потенцијални нови инвестиции.
Коктелот беше можност за разговори за перспективни бизнис зделки во различни сектори. Канадските бизнисмени со македонско потекло беа воодушевени што запознале подготвени професионалци од Македонија кои можат да водат меѓународни бизниси и да генерираат нови бизнис идеи.
Изразена беше надеж дека голем број бизнис зделки кои беа отпочнати ќе стимулираат извезување на македонските производи како и дека ќе привлечат поголем број странски инвестиции во земјата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.