17 Мај, 2024
0.0284

Македонија брои загуби, Србија трие раце, портите на Косово се отвораат за Белград!

Објавено во: Економија 11 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Трет ден блокади на Блаце. Транспортерите од Макам -транс и вчера ноќта ја поминаа на македонско косовската граница. Шлеперите се на истите позиции,а сообраќајот е сеуште во прекин, не се дозволува ниту влез ниту излез од граничниот премин. Граѓаните и понатаму границата ја минуваат пеш. Од здружението на превозници Макам- транс велат остануваат на ставот дека блокадите ќе траат се додека Македонија и Косово не го решат трговскиот спор. -Штетите се огромни , дневно еден камион губи и по 200 евра. Нашата роба не може да стои во шлепери, нашиот бизнис трпи штети, вели претседателаката на здржението на превозници Билјана Муратовска. Косовските власти веќе ги предупредиле нивните државјани без потреба да не патуваат во Македонија. На домашен терен, владата вчера заседаваше до доцните вечерни часови. Каква одлука е донесена најверојатно ќе се знае во текот на денов. Засега е непознато дали Македонија ќе ја повлече мерката за условен увоз на брашно и мерката за патни такси за косовските државјани или пак македонската влада ќе возврати со нов удар и  ќе ја реализира мерката за воведување на визи за косовските државјани. Во меѓувреме косовските власти стојат на ставот- ембаргото ќе го повлечат кога Македонија ќе ја укине мерката за условен увоз на брашно и патните такси, -Ситуацијата во целост зависи од македонската страна. Во случај македонската влада да се обиде да го реши проблемот и да ги повлече мерките, и ние ќе ги повлечеме нашите, изјави вчера за косовските медиуми министерот за трговија и индустрија на Косово Мимоза Кусари- Лила Србија го зазема местото на Македонија Речиси една недела трае косовското ембарго за македонските производи. Прво се забранни увозот на прехрамбените и земјоделските производи, а откако Македонија воведе патни такси за косовските државјани Косово возврати со нов удар и забрани увоз на сите македонски производи. И по една недела останува нејасно зошто Косово се одлучи на ваков потег? Нема економска логика , печница речиси да не увезуваме, а брашно минимални 3 отсто, а мерката за условен увоз на брашно набрзо ќе се укине, коментираат бизнисмените и експертите. Една од причините според експертите е дека Косово отвора терен за производи од други соседни држави, а втората опција е се претстојните парламентарни избори во Косово. - Тие сега се спремаат за избори, па може секој долар им е важен и ова со нашава мерка им се најде како оправдување. Исто така можно е да сакаат да чистат терен за на наше место да дојде друга држава, сите опции се во можност, но неблагодарно е ние да погодуваме, треба властите на двете земји да го решат тоа, вели агроекономистот Борис Анакиев. И бизнисмените стравуваат дека доколку државите не најдат компромис, постои ризик неповратно да се изгуби косовскиот пазар. Овој вакум период вешто ќе го искористат соседните земји, предупредуваат од бизнис секторот. -Имајќи ги во предвид новите односи и околности меѓу Косово и Србија, само прашање на време е кога ќе се отворат портите, бидејќи и досега се прави трговија преку мала врата. Значи, ќе се отворат портите и бизнисот ќе се реализира таму каде што бил некогаш. Ние од Македонија нашите бизниси ги добивме од губењето на позициите на српскиот бизнис на Косово и ние тоа го компензираме со некои производи кои се произведуваат во нашава земја, а можеби и со производи увезени од Србија, кои потоа се продавани на Косово, предупредува Мендерес Кучи, од Стопанската комора на северозапдна Македонија. Македонија има суфицит со Косово. Сепак последниве години има намалување на вкупната трговска размена. О 2009 година до 2011 година трговската размена и извозот на Косово е во пораст, но веќе во 2012 се забележува пад во трговската размана и извозот на македонските порозводи на косовскиот пазар. Така минатата година вкупната трговска  размена на Македонија со Косово изнесуваше 421 милион долари, од кои 392 милиони беа извоз, а 29 милиони увоз. Во првите осум месеци од годинава размената е 145 милиони долари, од кои 132 милиони извоз, а 14 милиони увоз..Во Косово извезуваме цемент, лекови, нафтените деривати, производи од челик и железо, цигари, пекарски производи, пијалаци, зеленчук и овошје. Од Косово увезуваме остатоци од челик,  пластични плочи, битумен и асфалт и заварувачки цевки. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија