Македонија го зголеми извозот на сладолед за 30 отсто
Објавено во: Економија 28 Јули, 2025 12:11
Минатата година, Македонија извезе 5.260 тони сладолед во вредност од 18,2 милиони евра, што претставува зголемување од 30 отсто во споредба со претходната година, според најновите податоци од Државниот завод за статистика.
Количините на извезен сладолед исто така се зголемија за ист процент, што потврдува дека овој производ станува сè поатрактивен на странските пазари, пренесува Извоз.мк.
Извозот на сладолед постојано се зголемува во последната деценија. Во 2015 година, вредноста на извозот беше само 4,5 милиони евра, што значи дека за 10 години, извозот се зголеми четири пати.
Особено е важно што Македонија е нето извозник на сладолед, односно извезува повеќе отколку што увезува, што е редок случај во трговската размена на земјата. Во 2024 година, увозот на сладолед изнесувал околу 3.000 тони, во вредност од 11,8 милиони евра.
Со тоа, нето ефектот од трговијата со сладолед достигна 6,4 милиони евра минатата година, што претставува позитивен сигнал за локалното производство и конкурентноста на сладоледот од Македонија на регионалниот пазар и пошироко.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




