Македонија и Азербејџан ја унапредуваат соработката и на економски план
Објавено во: Економија 14 Мај, 2013 12:32
Македонија и Азербејџан перманентно ја унапредуваат соработката не само на политички, туку и на економски и културен план, оценија директорите на царинските служби на двете земји, Ванчо Каргов и Ајдин Алиев.
- Имаме многу добра соработка меѓу двете царински служби и соработуваме на различни активности, изјави директорот на азербејџанската Царина, која донираше опрема на македонската Царина.
Соработката меѓу двете царини е воспоставена пред четири години. Во овој период се одржани повеќе средби, посети и обуки на цариници, а реализирани се и донации од азербејџанската Царина.
- Соработуваме на ниво на Светска царинска организација и на регионално ниво, рече Каргов и потенцира дека соработката меѓу овие две институции ја поттикнува и економската соработка меѓу двете земји.
Ова е трета посета на делегација од Азербејџан која ќе биде искористена за промоција на културното наследство на оваа земја во Македонија.
Утре ќе биде отворена изложба во „Чифте амам“ за заштита на културното наследство на Азербејџан, а задутре во МОБ ќе биде одржан гала концерт со заеднички азербејџански и македонски уметници.
Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




