18 Декември, 2025
0.0589

МАКЕДОНИЈА И УНГАРСКИОТ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР 4iG ПОТПИШАА ПРЕДДОГОВОР: Целта е отворање нови работни места и подобрување на услугите

Објавено во: Економија 02 Септември, 2024 15:58

Добивај вести на Viber

Владата и „4iG“ Групацијата, една од водечките ИКТ компании во Унгарија и Западен Балкан, денеска во Скопје потпишаа Меморандум за разбирање со цел да се забрза дигиталната трансформација во Македонија во делот на економијата и инфраструктурата, се наведува во владиното соопштение.

Оттаму посочуваат дека Меморандумот кој претставува основа за долгорочна соработка меѓу Владата и „4iG“ Групацијата ги истакнува можностите за влез „4iG“ Групацијата на телекомуникацискиот пазар во Македонија и ги идентификува стратешките области за идниот развој на телекомуникациските услуги и инфраструктурата во земјата.

Меморандумот за разбирање го потпишаа заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и претседателот на „4iG“ Групацијата Гелерт Жазаи.

Документот, кој ја поставува основата за долгорочна соработка меѓу двете страни, ги потенцира можностите за „4iG“ Групацијата за влез на телекомуникацискиот пазар во Македонија и ги дефинира заедничките цели за идната соработка и тоа:

- Подобрување на искуството на клиентите преку воведување на најсовремени мобилни и широкопојасни технологии за да се обезбедат побрзи и посигурни комуникациски и интернет услуги.

- Имплементација на инвестиции во врвни технологии засновани на 5G, IoT и вештачка интелигенција за развој на дигиталниот екосистем во Македонија со оглед на посветеноста на Владата за иницијативата „Чиста мрежа“.

- Отворање на нови и квалитетни работни места преку формирање на регионални канцеларии и оперативни центри кои ќе имаат за цел зголемување на економскиот раст и долгорочен развој.

- Минимизирање на влијанието врз животната средина и поддржување на зелените иницијативи, стимулирање на иновациите, технолошкиот развој и претприемништвото во партнерство со локални економски субјекти.

Меморандумот за разбирање потпишан меѓу Владата и „4iG“ Групацијата е целосно во согласност со „Планот за одржливост на Македонија 2030“ и посветеноста на државата за програмата „Чиста мрежа“.

Во следниот период двете страни ќе формираат заедничка работна група за унапредување на соработката, со цел да се анализираат можностите на пазарот и да се забрза соработката.

Како сопственик на операторот „ONE Црна Гора и ОНЕ Албанија”, „4iG“ Групацијата е една од водечките телекомуникациски и ИТ оператори во Западен Балкан, опслужувајќи речиси 2,2 милиони корисници и 400 илјади деловни клиенти во овие две земји.

Со своето работење, групацијата продолжува да ги проширува своите услуги, експертиза и портфолио за да одговори на променливите потреби и барањата на телекомуникациските и ИТ пазари. Групацијата вработува над 8.000 луѓе.„4iG“ Групацијата е водечка телекомуникациска компанија во Унгарија и Западен Балкан и една од водечките компании во областа на знаење и дигитална економија. Иновативниот пристап на Групацијата и нејзината позиција како водечки унгарски интегратор на телекомуникациски и ИТ системи ја прави компанијата лидер во нудење на услуги во делот на дигиталната трансформација во регионот, се вели во соопштението од Владата.


Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа