16 Јули, 2025
0.0247

MAКЕДОНИЈА ИМ Е ПОЕВТИНА ОД ГРЦИЈА, ИТАЛИЈА, ТУРЦИЈA: Странците ни одговорија што мислат за цените во земјава...

Објавено во: Економија 04 Јули, 2025 07:37

Добивај вести на Viber

Странците кои сега се во Македонија или неодамна ја посетиле, велат дека цените кај нас се пониски за разлика од оние во другите европски земји каде претходно биле. Објаснуваат дека со нивните плати овде цените им делуваат прифатливи, но сфаќаат дека истите се високи ако се земат предвид македонските плати.

Споредено со јужниот сосед, според нив, овде поминале доста поевтино. Во медиумите имаше критики дека во Охрид е скапо, за што укажаа и властите дека со пониски цени државата ќе има и повеќе туристи. Топка сладолед чини од 80 до 120 денари, просечната цена на пицата е околу 8 евра, а охридската цреша се продава по 300 ден за килограм. Поради високите цени на хотелските ол инкулузив понуди, досега соработката со Охрид ја откажале два тур-оператори од Холандија и од Полска.

Ги прашавме странците што мислат за цените во Македонија.

„Сфатив дека Македонија има прифатливи цени, особено откако дојдов тука од Италија и Грција. Луѓето беа пријателски расположени, а градовите беа чисти. Сè ми беше релативно прифатливо. Во споредба со Австралија, цела Европа е скапа, но тоа е поради девизниот курс. Но, скапо платив за храна и пијалоци во Грција и во Италија. Според мене, така е во цела Европа. Ги сакам необичните места, тие беа прифатливи со цени“, објаснува Јоан Годинсон од Австралија која е во посета на Македонија.

Џон Јоханесен од Норвешка кој повеќепати бил во Македонија вели дека нашиве цени за него не се високи, но сфаќа дека за македонските граѓани многу работи се скапи.

„Забележав дека цените во Охрид се многу повисоки отколку во Скопјe. Цените се високи бидејќи таму има туристи од западна и северна Европа. Тоа го прават насекаде низ Европа, ги зголемуваат цените таму каде што има многу туристи. Истото важи и за Шпанија, Франција, Италија и така натаму. И за сите главни градови важи истото. Мислам дека цените насекаде беа ниски, барем за мене. Но, со просечниот приход на Македонците, можеби цените се високи. Кај нас во Норвешка кафето чини од 2.2 до 4.5 евра и мислам дека просекот е некаде 3.2 евра. Во главниот град на Норвешка кафето чини 4 или 5 евра,  и луѓето се жалат, но ние имаме повисоки примања. Влезниците во музеите ви се евтини, затоа што кај нас чинат 10-15 или 20 евра. Сум бил во повеќе места во Европа, но Македонија е најевтина. Мислам дека проблемот ќе настане ако Македонија има повеќе туристи, затоа што цените ќе се движат нагоре и тоа нема да одговара за граѓаните. Во Турција и во Грција таму каде има многу туристи, цените се доста високи“, рече Јоханесен.

Марита Олсен од Норвешка вели дека 3 евра за кафе е прифатлива цена за неа, но може да биде и поевтино. 

Мислам дека 3 евра (180 денари) за кафе е во ред цена, но секако може да биде поевтино кога ќе видите дека малку надвор од Охрид истото кафе чини 1,5 евра (90 денари). Разбирам дека цените се малку повисоки во Охрид бидејќи е туристички град и мора да заработат пари за да продолжат. Не мислам дека цените можат да се зголемат повеќе отколку што се зголемија во последниве години, бидејќи тогаш ќе биде премногу скапо да се пие кафе надвор и да се релаксира. Музеите и другите атракции имаат нормална цена, тука не може да се зголеми толку многу. Не користам многу јавен превоз, изнајмувам автомобил или позајмувам автомобил од семејството кога сум во Македонија, па не знам многу за цените на јавниот превоз. Таксистите се скапи, па не земаме такси.  Цените на хотелите треба да се намалат или да се зголеми стандардот... цената и стандардот не секогаш се совпаѓаат и во последно време стана доста скапо. Ако сакате добар хотел во Охрид, тоа ќе ве чини многу… Ако ги задржат цените што ги имаат сега во рестораните итн., ќе биде во ред, но не мислам дека можат да се зголемат повеќе… Црна Гора и Хрватска се скапи во споредба и не сакам Охрид, Македонија да станат толку скапи...“, рече Олсен. 

Во Охрид еспресо може да ве чини 150 денари, салати по 600 денари, помфрит 350 денари, рижото од 900 денари и слично. Вчера во медиумите имаше споредба дека еспресо во Скопје чини 150 денари, а во Софија 120 денари. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Има ли Трамп царински супер-топ што ќе го уплаши и стави во ред Владимир Путин?

Има ли Трамп царински супер-топ што ќе го уплаши и стави во ред Владимир Путин?

АТЛАНТИК ГРУПАТА ГО ПРОДАДЕ ПОПУЛАРНИОТ БРЕНД СЕНДВИЧИ: Но продолжува да го продава и дистрибуира

АТЛАНТИК ГРУПАТА ГО ПРОДАДЕ ПОПУЛАРНИОТ БРЕНД СЕНДВИЧИ: Но продолжува да го продава и дистрибуира

Поради националниот долг Франција ќе штеди - каде ќе има кратења?

Поради националниот долг Франција ќе штеди - каде ќе има кратења?

СЕ НАМАЛИЛ БРОЈОТ НА ЕВРОПЈАНИ КОИ НЕ МОЖАТ ДА СИ ДОЗВОЛАТ ОДМОР: Соседите најлошо котираат

СЕ НАМАЛИЛ БРОЈОТ НА ЕВРОПЈАНИ КОИ НЕ МОЖАТ ДА СИ ДОЗВОЛАТ ОДМОР: Соседите најлошо котираат

НАЈЕВТИНИ МЕСТА ЗА ПОСЕТА ГОДИНАВА: На листата се градови од регионот

НАЈЕВТИНИ МЕСТА ЗА ПОСЕТА ГОДИНАВА: На листата се градови од регионот

(ВИДЕО) Цените вртоглаво растат: Моника споделува што купила за 10 евра во Макарска

(ВИДЕО) Цените вртоглаво растат: Моника споделува што купила за 10 евра во Макарска

Србија е меѓу десетте најголеми купувачи на злато - одговор на глобалната неизвесност

Србија е меѓу десетте најголеми купувачи на злато - одговор на глобалната неизвесност

Оваа земја е рај за работниците: 32 дена одмор, 26 недели платено породилно отсуство

Оваа земја е рај за работниците: 32 дена одмор, 26 недели платено породилно отсуство

Кој и зошто прави залихи од сребро?

Кој и зошто прави залихи од сребро?