11 Декември, 2025
0.7627

МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИЛА ШЕСТ ИЛЈАДИ КОМПАНИИ ЗА ТРИ ГОДИНИ: се намалил бројот на деловните субјекти

Објавено во: Економија 03 Јануари, 2024 07:31

Добивај вести на Viber

Во период од три години бројот на активни деловни субјекти во земјава се намалил за скоро шест илјади компании или точно 5.490 фирми. Ова го покажуваат податоците објавени во анализата на Државниот завод за статистика насловена „Регионите во Македонија“.

Бројките откриваат дека во 2019 година сме имале вкупно 75.914 активни компании, но веќе во 2021 година нивниот број паднал на 70.424 компании.

Податоците говорат дека има намалување и кај големите компании, кои вработуваат над 250 лица. Па така во 2019 година имало 232 големи фирми, додека во 2021 година 226.

Најголемо намалување има кај компаниите кои бројат до десет вработени лица. Па бројот на овие компании од 61.265 се свел на 58.124 компании. Очекувано е во оваа група да има најголемо намалување бидејќи во оваа категорија има најмногу компании.

Но, бојките покажуваат дека има намалување во секоја категорија. Па така кај компаниите без вработени има намалување од 2,394 компании, кои од 7.565 спаднале на 5.171 компанија.  

Се намалил и бројот на компани кои имаат до 50 вработени од 2.237 компании во 2019 година, во 2021 се намалиле на 2.168 компании.

Единствено раст е забележан кај компаните кои бројат до 20 вработени, и кај компании кои бројат од 50 до 250 вработени.

Па во категорија до 20 вработени од некогашните 3,211 компании, во 2021 година имало 3.268 компани.

Додека во категорија на компании кои имаат од 50 до 250 вработени во 2019 година имало 1.404 компании, додека во 2021 година имало 1.449 вакви компании.

Од статистика посочуваат дека најголем дел од компаниите функционираат во скопскиот регион, кој е и најразвиени регион во земајта.

-  Според дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика, во Македонија во 2021 година има 70.424 активни претпријатија. Податоците за структурата на активните претпријатија по региони покажуваат дека најголемо учество има Скопскиот Регион со 38,6 отсто, а најмало учество има Североисточниот Регион со 5,8 проценти – се наведува во нивната анализа.

Бројките покажуваат дека во Скопје функционираат 27.218 компании, и тука се лоцирани најголем делод големите компании со над 250 вработени, дури 140 од нив.

Полошкиот регион е втор на листата со најмногу компании, но далеку зад скопскиот регион. Таму се активни 8.460 активни компании.

Потоа следува Пелагонискиот регион со 7.417 активни деловни субјекти. А во овој регион има и 25 активни големи компании.


П.О.

Фото: Unsplash

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Два дена работа, два одмор и плата од 900 евра - сепак Босанец не може да најде работници

Два дена работа, два одмор и плата од 900 евра - сепак Босанец не може да најде работници

Зголемен е бројот на германски туристи во Македонија, Србите сега се на трето место

Зголемен е бројот на германски туристи во Македонија, Србите сега се на трето место

Истражување на Центарот за граѓански комуникации: Многу македонски јавни претпријатија работат со загуба

Истражување на Центарот за граѓански комуникации: Многу македонски јавни претпријатија работат со загуба

Европа има сериозен проблем, ова ќе ја поткопа економијата на долг рок

Европа има сериозен проблем, ова ќе ја поткопа економијата на долг рок

ВО РЕГИОНОТ: Се плашат дека на старост ќе бидат сиромашни и вложуваат во недвижности

ВО РЕГИОНОТ: Се плашат дека на старост ќе бидат сиромашни и вложуваат во недвижности

Дали ова е најпотценетата валута во светот?

Дали ова е најпотценетата валута во светот?

Николски: Поврзување на Коридорот 10 со Коридорот Струма во Бугарија и уште 14 големи проекти во Струмица

Николски: Поврзување на Коридорот 10 со Коридорот Струма во Бугарија и уште 14 големи проекти во Струмица

(ВИДЕО) Се пробиваат тунелите од трасата за железничката пруга кон Бугарија

(ВИДЕО) Се пробиваат тунелите од трасата за железничката пруга кон Бугарија

ДЕЛНИЦАТА БУКОЈАЧАНИ - КИЧЕВО ЈА ЗГОЛЕМИ ВРЕДНОСТА НА НОВИТЕ ГРАДБИ: повторно расте интересот за градење

ДЕЛНИЦАТА БУКОЈАЧАНИ - КИЧЕВО ЈА ЗГОЛЕМИ ВРЕДНОСТА НА НОВИТЕ ГРАДБИ: повторно расте интересот за градење