Македонија ќе преговара за намалување на роаминг цените со ЕУ
Објавено во: Економија 12 Април, 2013 10:10
Правните инструменти и решенија, со кои ќе се овозможи имплементација на иницијативата за намалување на цените на роаминг-услугите на Македонија со земјите од Европска унија ќе бидат тема на разговор на денешната средба на министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски со директорот на Дирекцијата за комуникациски мрежи, содржини и технологии на ЕУ, Роберт Медлин.
На средбата во Брисел ќе присуствува и делегација на Агенцијата за електронски комуникации предводена од директорот Роберт Орданоски.
АЕК во септември лани доби позитивно мислење за иницијативата што ја покрена за изедначување на роаминг цените за граѓаните на Македонија. Нивен стручен тим продолжи да работи на унапредување на препораките и на соработка со државните и меѓународни институции, со цел финално прифаќање на иницијативата и конечно намалување на роаминг цените. На тој начин македонските граѓани ќе имаат можност да ги користат придобивките на единствениот европски пазар, иако се уште Македонија не е членка на Европска унија.
Македонската Влада ги задолжи министерствата за надворешни работи и за информатичко општество и администрација, да се вклучат во преговорите заедно со АЕК и да создадат правна рамка за реализација на иницијативата. Во меѓувреме владите на Србија и на Црна Гора ја прифатија иницијативата со што се договара заеднички став во текот на преговорите со Европска комисија за таа активност. Агенцијата за електронски комуникации и Министерството за надворешни работи веќе работат на текстот на предлогот за заеднички настап на трите држави.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




