Македонија ќе признае геноцид во Сребреница

Објавено во: Македонија 14 Април, 2024 15:05
Македонија ќе го поддржи признавањето на геноцидот во Сребреница, според најавите на министерот за надворешни работи Бујар Османи, пред Генералното собрание на ОН на 2 мај на кое ќе расправа за Резолуцијата.
Ова прашање веќе предизвика бројни реакции во регионот, особено меѓу претставниците на Република Српска и на Србија.
– Мора да ги наречеме работите со вистинското име ако сакаме од нив да научиме и сакаме никогаш да не ни се повторат. Мислам дека тоа е важно за да конечно влеземе во процес на помирување во регионот. Многу е важно што БиХ доби одлука за почеток на преговорите, се надевам дека ќе ја консолидира соработката и односите меѓу трите ентитета.
Очекувам брзо нормализирање на односите меѓу Косово и Србија со меѓусебно признавање бидејќи тоа ќе затвори уште едно отвореное досие и очекувам Македониај да ја задржи стратершката предвилидност – рече Османи.
Ова следува по веста дека Франција се приклучи како коспонзор на Резолуцијата за геноцидот во Сребреница, што треба да биде изгласана во Генералното собрание на Обединетите нации (ОН).
Можеби ќе ве интересира
„БИДЕТЕ СПОКОЈНИ, ЌЕ ДОЗНАЕТЕ ОД КАДЕ ЌЕ БИДЕ НОВИОТ КРЕДИТ“ – Задолжување од уште 500.000 евра најави Мицкоски

СПАСУВАЧКА АКЦИЈА ВО МАВРОВСКОТО ЕЗЕРО – СПАСЕНИ ДВЕ МОМЧИЊА: Им се превртел чамецот

ПРИЈАТЕЛИТЕ СЕДНАА НА КАФЕ – ИМААТ АМБИЦИОЗНИ ПЛАНОВИ: Градоначалникот на Кисела Вода во друштво на министерот Александар Николовски

НЕМА ПОКАЧУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК, ОСТАНУВА 140 ДЕНАРИ: Ќе се прошири опсегот и ќе опфати повеќе студенти

А ШТО ВЕЛИ СТОИЛКОВИЌ ЗА ПРОТЕСТИТЕ ВО СРБИЈА? Потребна им е дестабилизација, за полесно да се справат со Р.Српска и да ги протераат нашите браќа од Косово!

Медис и важноста на научноистражувачката работа во областа на медицината: Интервју со Ирена Ефтимова

НАЈТОПЛО ВО СКОПЈЕ, НЕВЕРОЈАТНИ 30 СТЕПЕНИ НЕ ОЧЕКУВААТ ДЕНЕСКА: Но, во вторник се враќа знимата, ќе има и снег

БУГАРСКО МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ: Изградбата на пругата не е одложена

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Асмир Јахоски доби 30 дена притвор
