16 Март, 2025
0.1165

Медис и важноста на научноистражувачката работа во областа на медицината: Интервју со Ирена Ефтимова

Објавено во: Македонија 15 Март, 2025 09:08

Добивај вести на Viber

Фармацевтската компанија Медис е позната во стручната медицинска јавност како компанија која носи иновативни фармацевтски производи, напредни медицински технологии, производи за доенчиња и производи за здравјето на потрошувачите во регионот на Централна и Источна Европа повеќе од 35 години. Она по што компанијата се препознава пошироко е насоченоста кон иновациите и научноистражувачката работа и престижното признание Меѓународни Медис награди за медицински истражувања, кои веќе единаесет години се доделуваат за перспективни лекари и фармацевти, кои покрај редовната работа се занимаваат и со научни истражувања.  Во Македонија Медис работи повеќе од 15 години и непосредно по доделувањето на овогодинешните International Medis Awards for Medical Researches разговаравме со Ирена Ефтимова, директор на Медис во Македонија.

Кој е мотивот на една компанија како Медис да ги наградува научноистражувачките трудови од областа на медицината и фармацијата?

Ефтимова: Мисијата на Медис е да ги направи достапни најнапредните и најефикасните медицински третмани за секој пациент во регионот преку искористување на знаењето, научната експертиза и познавање на производите, но и потребите на пациентите и лекарите во 19 земји во Европа. Следствено, пред единаесет години, по повод 25-годишнината, компанијата сметаше дека треба да ги истакне и поддржи иновациите во третманот на пациентите кои најмногу произлегуваат од истражувањата на лекарите и фармацевтите практичари. Тогаш се воведе и престижното признание Меѓународни Медис награди за медицински истражувања, како платформа преку која се подига свесноста за достигнувањата на лекарите и фармацевтите во земјите од Централна и Источна Европа, како и за да се поттикнат да ја продолжат и да ја прошират својата работа во таа област. Досега, во рамки на ова признание пристигнати се 1.787 научноистражувачки трудови објавени во медицински списанија со импакт фактор,  прогласени се 210 финалисти, имаме 101 добитник на Меѓународните Медис награди, кои се оценуваат од стручна комисија составена од еминентни експерти, претежно професори од медицинските области кои се наградуваат.  

Каде стои Македонија во однос на медицинските истражувања, колку до сега наши лекари и фармацевти имаат пријавено свој труд на конкурсите на Меѓународните Медис награди?

Ефтимова: Во текот на единаесет години на Меѓународните Медис награди има пријавено 54 научно-истражувачки трудови на лекари и фармацевти од Македонија. За жал оваа година немаше финалист од нашата земја, но изминатите години 6 научни труда имаат влезено меѓу финалистите, од кои имаме пет добитници на наградата. Тоа се  Савица Марковиќ Станоеска од областа на педијатријата, Весна Гривчева-Пановска од областа пулмологија и алергологија, Тања Николова за гинекологија, Фанка Гилевска од областа на офталмологијата и минатогодишната добитничка на наградата Марија Бабуновска во областа на неврологијата. Кога зборуваме за истражувањата во земјава и пријавените трудови, морам да истакнам дека конкуренцијата е силна и иако има меѓу единаесетте земји во кои се распишува конкурсот за наградата, земји каде што има поголеми и позначајни вложувања во медицинските истражувања, еден од критериумите кои се земаат предвид при оценување на трудовите е и пондерирањето, односно се земаат предвид разликите во трошоците за истражување и развој по истражувач во различни земји, што им овозможува и на нашите научни трудови, изработени и со помалку средства, фер евалуација и натпреварување. Верувам и искрено се надевам дека бројот на пријавени трудови од нашата земја ќе се проширува во иднина, со оглед на тоа што имаме квалитетни клиничари кои покрај секојдневната работа со пациенти, успеваат да најдат време да се посветат и на медицински истражувања, да ги подготват своите трудови и да ги објават. Секоја година до сега од доделувањето на наградите во стручната комисија учествува лекар, професор од Македонија, оваа година тоа беше проф. д-р Ана Данева Маркова во областа на гинекологијата и акушерството.

Дали компанијата ќе продолжи да ги наградува научноистражувачките трудови во медицината?

Ефтимова: Наградите се клучен дел од мисијата на Медис за унапредување на медицинските истражувања. Со препознавање и доделување на признанија за достигнувањата на истражувачите, имаме за цел да ги инспирираме наградените да продолжат со својата работа, но и другите да продолжат со иновациите во здравството. Наградите, исто така, служат за поттикнување на соработката меѓу истражувачите и институциите, забрзувајќи го темпото со кое револуционерните откритија се преточуваат во решенија од реалниот свет. Се разбира, продолжуваат, и со нетрпение ги чекаме трудовите за 12. Меѓународни Медис награди за медицински истражувања. Важно ни е и во нашата земја да мотивираме што повеќе перспективни лекари и фармацевти да се посветат на истражувања со кои ќе помогнат за унапредување на лекувањето на болестите, а со тоа и на пациентите. Искрено ги охрабрувам нашите млади лекари и фармацевти да се насочат кон изработка на квалитетни истражувања, да ги објавуваат во реномирани медицински списанија и да се пријават за Меѓународните Медис награди за 2025 година на конкурсот кој вообичаено е отворен од јуни до октомври секоја година.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ НЕСРЕЌАТА ВО МАКЕДОНИЈА: Вучиќ ќе прогласи Ден на жалост

ПОРАДИ НЕСРЕЌАТА ВО МАКЕДОНИЈА: Вучиќ ќе прогласи Ден на жалост

(ВИДЕО) СВЕДОШТВО НА ДЕВОЈКА КОЈА СЕ СПАСИ ОД ПОЖАРОТ: Сестра ми е изгубена, не можеме да ја најдеме во никоја болница

(ВИДЕО) СВЕДОШТВО НА ДЕВОЈКА КОЈА СЕ СПАСИ ОД ПОЖАРОТ: Сестра ми е изгубена, не можеме да ја најдеме во никоја болница

СТУДЕНТИТЕ СЕ САМООРГАНИЗИРАА: Сакаат да помогнат околу настраданите од Кочани

СТУДЕНТИТЕ СЕ САМООРГАНИЗИРАА: Сакаат да помогнат околу настраданите од Кочани

СЕРАФИМОВСКА: Починатите во пожарот се на возраст од 14 до 25 години од Скопје, Штип, Кочани, Пробиштип

СЕРАФИМОВСКА: Починатите во пожарот се на возраст од 14 до 25 години од Скопје, Штип, Кочани, Пробиштип

ИМА И КРИТИЧНИ: Таравари откри колку од повредените се во животна опасност

ИМА И КРИТИЧНИ: Таравари откри колку од повредените се во животна опасност

ГЕРМАНСКИ БИЛД ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ: Над 50 загинати во пожар во дискотека во Северна Македонија

ГЕРМАНСКИ БИЛД ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ: Над 50 загинати во пожар во дискотека во Северна Македонија

ДИСКОТЕКАТА ИМАЛА ЛИЦЕНЦА ДО 24 МАРТ: Приведен е сопственикот

ДИСКОТЕКАТА ИМАЛА ЛИЦЕНЦА ДО 24 МАРТ: Приведен е сопственикот

ТАРАВАРИ НЕ САКА ДА ШПЕКУЛИРА КОЛКУ ПОВРЕДЕНИ СЕ КРИТИЧНИ: Сите се згрижени и има доволно крвни единици

ТАРАВАРИ НЕ САКА ДА ШПЕКУЛИРА КОЛКУ ПОВРЕДЕНИ СЕ КРИТИЧНИ: Сите се згрижени и има доволно крвни единици

АГЕЛЕР МУ ПОНУДИ ПОМОШ НА МИЦКОСКИ: Марта Кос изрази сочувство за трагедијата во Кочани

АГЕЛЕР МУ ПОНУДИ ПОМОШ НА МИЦКОСКИ: Марта Кос изрази сочувство за трагедијата во Кочани