15 Декември, 2025
0.0453

НЕ САМО ДИЛЕРИТЕ, ТУКУ И УЖИВАТЕЛИТЕ НА ДРОГИ ЌЕ БИДАТ САНКЦИОНИРАНИ - казни до 250 евра, ќе помогнат ли за заштита на општеството

Објавено во: Македонија 14 Март, 2025 07:20

Добивај вести на Viber

Не само оние што продаваат и препродаваат, туку казнети ќе бидат и оние што ќе бидат фатени со дрога за да ја уживаат.

За волја на вистината, прекршочните казни нема да бидат високи, и ќе се движат од 100 до 250 евра, но барем од некаде да се почне во заштита на граѓаните кои често, на овој или на оној начин, стануваат жртви на оние кои ги уживаат овие дроги.

Инаку, оваа новина е предвидена во предлог измените и дополнувањата на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Нацрт законските измени веќе се најдоа и на националната платформа ЕНЕР, откако поминаа консултациите за таа проблематика, а таму предлагачите, односно Министерството за внатрешни работи, го дале своето образложение зошто треба да се донесат овие законски измени.

Инаку, како што е познто, со Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, кој има претрпено неколку измени, се уредуваат прашањата што се однесуваат на прекршоците против јавниот ред и мир, прекршочните санкции, надлeжниот прекршочен орган за изрекување на тие санкции, посебните прекршочни мерки за повреда на јавниот ред и мир, како и се пропишуваат условите и постапката за приредување огномет, бакљада или слични приредби.

Како што објасниле предлагачите, односно од МВР, со овие измени ќе се смени битието на прекршочното дејствие утврдено во членот 20, при што се утврдува правен основ за санкционирање и на поседување на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.

„Со законските измени се предлага санкционирање на лицето кое поседува за лична употреба или се оддава на уживање на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори, изрекување на глоба во износ од 100 до 250 евра во денарска противвредност. Видот и количината на наркотичните дроги, психотропните супстанции и прекурзорите се утврдуваат со тестови за прелиминарна анализа и ваги за мерење.Наркотичните дроги, психотропните супстанции и прекурзорите се одземаат од лицето и се уништуваат согласно закон“, објасниле предлагачите во овие законски измени.

Како причини за проблемите од оваа проблематика се навеле и проблемите при документирање на кривично правните настани, во случај кога од слобода се лишени лица кои поседуваат мала количина на дрога.

Значи, практично со овие законски зиемни ќе се утврди ново прекршочно дејствие.

А, еве како прецизно ќе гласи сега изменетиот член од овој закон.

„Кој поседува наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори за лична употреба или се оддава на уживање на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори ќе му се изрече глоба во износ од 100 до 250 евра во денарска противвредност.Видот и количината на наркотичните дроги, психотропнитесупстанции и прекурзорите од став 1 на овој член, се утврдува со тестови за прелиминарна анализа и ваги за мерење.Наркотичните дроги, психотропните супстанции и прекурзорите од став 1 на овој член, се одземаат од лицето и се уништуваат согласно закон“, се вели во изменетиот законски член.

Од МВР објаснуваат и дека оваа измена, од една страна ќе овозможи санкционирање на сторителите кои поседуваат наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори, а од друга страна може позитивно да влијае на рецидивистите на овој вид на прекршок, посебно во одвраќање на нивната намера да поседуваат ваков тип на дроги, супстанци и прекурзори, со што ќе се зајакне и залагањето на правосудните органи во борбата против овој вид на криминал.

Инаку, со овие измени се предвидува и кога сторител на прекршок се големи трговци, прекршочната постапка да ја води и прекршочната санкција да ја изрекува надлежен суд.

„Со усвојување на предложените решенија ќе се прошири основот за санкционирање во членот 20 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир и на поседување на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори, како и ќе се надминат одредени недоследности од технички карактер“, објаснуваат од МВР.

Надлежни органи за спроведување на предложениот закон се Министерството за внатрешни работи, Јавно обвинителство и надлежен суд.

Министерство за внатрешни работи ќе преземе активности за целосна имплементација на овој закпон. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење