20 Декември, 2025
0.0462

Македонија лидер по трансплатација на бубрег, но нема бројка колку пациенти чекаат операција

Објавено во: Мои пари 23 Декември, 2013 19:13

Добивај вести на Viber

Во 2012 година,  Македонија со 13,3 отсто трансплантации на милион жители е лидер во Европа по трансплатација на бубрег од живи дарители. Сепак, државата е на последното место по катаверична транспантација на бубрег која овде се уште не е направена. Официјална бројка за тоа колку пациенти чекаат за трансплантација на бубрег нема. Од Фондот за здравствено осигурување велат дека е тешко да се даде точна бројка, но проценуваат дека третина од пациентите на дијализа чекаат за трансплантација. Така во земјава се регистрирани 1500 пациенти на дијализа, а годишно бројката расте за околу 80 нови случаи. Според директорката на Фондот за здравстено осигурување, Маја Парнарџиева –Змејкова, сите граѓани кои досега не направиле испитувања во фамилијата треба да проверат дали некој од нивното семејство е компатибилен донатор. „Би испратила апел и до сите останати граѓани да контактираат со Клиниката на нефрологија да направат испитувања врз основа на нивните и врз основа на нивните испитувања кога ќе почне трансплантацијата од починат донор да имаме база за веднаш пронајде донорот до примателот“, рече Парнарџиева –Змејкова. Претседателот на здружението „Нефрон“, Љубинко Трпеновски потсети дека секој човек може да биде потенцијален дарител на органи, но и потенцијален примател. Тој се пожали за односот кон пациентите со дијализа, а укажа дека честопати оние кои живеат надвор од Скопје мора да патуваат повеќе од стотина километри само да им биде земена крв. Од здружението Нефрон укажаа и за потребата од трансплантации на органи од починати дарители. Веднаш зад нас во однос на  трансплантации на бубрег се Шпанија со 7,7 на милион жители, Грција со 3,6 и Хрватска со 2 отсто на милион жители направени транспланатации на бубрег од жив дарител.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии