Македонија очекува дека Косово ќе го екстрадира Африм Исмаиловиќ
Објавено во: Македонија 03 Април, 2021
Од Министерството за внатрешни работи за ТВ21 велат дека одреден е притвор за Африм Исмаиловиќ и се очекува лицето да биде екстрадирано во Македонија.
Македонија очекува Косово да го екстрадира Африм Исмаиловиќ, осуден на доживотен затвор за случајот „Монструм“, а кој завчера беше приведен во Приштина. Премиерот Зоран Заев денеска во Велес изјави дека тоа ќе биде потврда на меѓународни договори.
Aадвокатoт на Исмаиловиќ вели дека чекал одобрение на барањето за азил во Косово. Како што пишува порталот „Газета експрес“, тој е уапсен случајно, кога е идентификуван од поради учество во сообраќајна несреќа. Неговиот адвокат Бесник Бериша изјави дека по проверката на кривичната историја на неговиот клиент, е утврдено дека за него има меѓународна потерница и притоа надлежен обвинител му одредил 48-часовен притвор.
Покрај Африм Исмаиловиќ, во бегство во Косово е и Алил Демири, од каде косовските власти со години не ги екстрадираат. Вчера пред Владата роднините на осудените протестираа. Петкратното убиство се случи во 2012 година на Смилковското езеро.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.