Добивај вести на Viber
Поголемиот дел од Македонија денеска и утре е во жолта алертна метео фаза, поради предупредувањето за високи температури и силно УВ зрачење. Метеоролозите за денеска и утре предвидуваат исклучително топло, сончево време, со слаб ветер.
Дневната температура денеска ќе сго достигне 39-от, а утре и 40-от степен.
Индексот на УВ зрачење ќе биде 8.
Дури в сабота попладне ќе има спуштање на посвежа воздушна маса од север која во недела ќе услови засилен северен ветер, пад на температурата за околу 5 степени и слаб локален дожд.